fbpx
Таг: Hubmk

таг: hubmk

Објавен регионалниот мониторинг извештај за дезинформациските наративи во Западен Балкан

Голем дел од дезинформациите кои се однесуваат на светските случувања во земјите од Западен Балкан, се стремат кон обликување негативна перцепција за Украина и Западот (НАТО, ЕУ и САД) и генерираат поддршка за геополитичките цели на Русија во регионот. Ова го покажа последниот мониторинг извештај за последниот квартал од 2023 година, кој го изработи Фондацијата „Метаморфозис“. Во кој правец се...

Руски агенти во мантија

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По руската агресија на Украина, во 2022...

Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август...

Смртта на Навални ги засени дезинформациите од Москва за воениот поход во Украина

Иако во февруари се одбележуваат две години страдање од руската агресија на Украина, илјадници загинати и безмерно уривање на сè што е важно за Украина и за Украинците, дезинформациите од Москва за овој нејзин воен поход и натаму упорно се пласираат во светот. Тие беа поттикнати лично од Путин во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, но потоа беа...

Москва не сака преспански јаболка, а бананите од Еквадор сепак ѝ биле повкусни од индиските

Ако притисокот на Русија не беше толку лесно воочлив во македонскиот случај со забраната за увоз на ресенски јаболка, оној со Еквадор е прилично јасен. Со вешто маневрирање на бизнис секторот, притисокот на еквадорското раководство успешно влијаеше да се премисли за понудата на САД за замена на старото советско оружје и хардвер со нови и софистицирани оружја, во спротивно...

Со дезинформации се урива финансиската помош за Украина

Во регионот се шират лажни вести за тоа дека украинскиот претседател, Володомир Зеленски купил две јахти во износ од 74 милиони евра, со пари добиени од САД за одбрана на Украина од руската агресија. Станува збор за фабрикувани документи кои наводно покажуваат дека сопственици на јахтите се двајца блиски соработници на Зеленски – браќата Борис и Сергеј Шефир. Овојпат веста не потекнува...

Зеленски нема купено две јахти вредни 75 милиони долари

Двете јахти за кои се вели дека ги купил претседателот на Украина, Володимир Зеленски и тоа преку блиски соработници како посредници, всушност не се продадени, а документите кои се презентирани како да се оригинали се од организација која воопшто не сертифицира продажба на јахти. Компаниите кои ги продаваат овие две јахти, за странски проверувачи на факти потврдиле дека двете...

Светската здравствена организација не убива деца во Газа

Не е вистина дека Светската здравствена организација убива деца во Газа, туку претставници на СЗО постојано носат медицинска и немедицинска помош во Газа поради очајните услови за лекување и разрушените болници од бомбардирањата. СЗО собира донации за Газа и постојано повикува за прекин на огнот. СЗО има свои луѓе на терен кои го информираат светот за ужасите на војната...

Фотографијата од Навални со нацистичкиот поздрав и тетоважа на Хитлер е лажна

Фотографијата на којашто е прикажан Навални со тетоважа на Хитлер на градите и со крената рака во нацистички поздрав, е фабрикувана. Се работи за фотомонтажа, модифицирана од оригинална фотографија од 2013 година објавена во напис на веб-страницата Oxu.az, којшто говори за огорченоста на дел од руското население кон мигрантите. Тврдењата дека Путин се борел против нацистите во Украина, вклучително...

Западот не прави план за депопулација, а Русија не е единствена која трага по вакцина против рак

Фото: Pixabay/qimono
Во објавата се користи терминот „Братска Русија“, за да се прикаже Русија како целосна спротивност на Западот кој е претставен како непријателски. Според објавата, Западот прави планови да убива луѓе, а Русија да ги спасува преку вакцини против рак. Но, не е точно дека Русија е единствената држава која работи на производство на вакцини против рак. Минатата година владата...

Не е точно дека само „Гардијан“ го објавил интервјуто на Путин со Карлсон на својата насловна страница

Објавата неточно тврди дека „’Гардијан’ со седиште во САД бил единствениот голем весник што го објавил интервјуто на својата насловна страница“. Најпрвин, Гардијан е британски весник, не е од САД. Исто така, на насловните страници на весниците во САД имаше вести поврзани со интервјуто на рускиот претседател со Карлсон, а за него известија и други големи британски весници, пишува...

Сорос пред 30 години не го повикал НАТО да води војна со Русија

Џорџ Сорос не пишувал за потребата од поразување на Русите, ниту за жртвување на Источно-европејците за да се стори тоа. Напротив, тој во својот есеј се залага за економска поддршка за постсоветските републики, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук во која се тврди дека милијардерот Џорџ Сорос во документ кој го напишал во 1993 година, препорачал НАТО да...

Финансиската помош од ЕУ за Украина не значи дека Европа е во војна со Русија

ЕУ никогаш не повикала на војна со Русија, туку ѝ помага на Украина да го зачува својот територијален интегритет и демократско општество. Европа ја осудува руската агресија и повикува на нејзин прекин. Што се однесува до тврдењето дека македонските граѓани треба да се подготват за мобилизација, истото е паушално. Никој кај нас досега не најавил никаква мобилизација. Оваа шпекулација досега многупати...

Дипфејк видео од Зеленски како танцува се шири на социјалните мрежи во соседството

Од почетокот на годината кружи ново дип фејк (deep fake) видео од Зеленски како танцува во црвена носија. На социјалните медиуми Фејсбук и Тик-Ток се споделува видеото од претседателот на Украина, но тоа, всушност, е манипулирано видео од 2020 година, на кое е прикажан руски танчер на некаква прослава, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот...

Од Алјаска преку Путин и Москва до Балканот и на крај кај нас

Објави на фејсбук шират дезинформација дека со новиот декрет на Путин, Алјаска, Балтичките држави, Тибет и други територии што историски ѝ припаѓале на СССР и Империјална Русија ќе бидат преземени назад. Лажната вест тргнува од ЕССАњуз (Полска), па се шири на Балканот и на крај пристигнува во Македонија. Точно е дека на 18.01.2024 година Путин потпишал декрет за управување...

Наводниот нацизам во Киев и натаму предмет на дезинформациите од Москва

Повеќе дезинформациски наративи може да се идентификуваат од почетокот на годинава во медиумскиот и интернет просторот на македонски јазик. Од тоа дека на Украина ѝ е „загрозена државноста“ ако ја продолжи војната, до тоа дека Зеленски ја загубил популарноста. Сепак најконзистентни остануваат дезинформациите за поврзаноста на елитите во Киев со нацизмот, што директно ги пласираа и Путин и Медведев....

Српските таблоиди ја „паднаа“ Владата на експремиерот Ковачевски

Наспроти ваквите неточни, потпалувачки и националистички обоени објави не „падна Владата во   Северна Македонија“, ниту пак, „Албанците полека но сигурно ја презеле власта“. Станува збор за избор на техничка, позната и како пржинска влада според т.н. Пржинскиот договор од 2015 година, чиј мандат е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24...

Дезинформациски круг на релација Софија-Белград-Скопје со типичен руски шмек

Познат е патот по кој течат руските дезинфо наративи – oд Русија преку Србија, па низ целиот Западен Балкан. Овојпат за промена, изворот е од соседна Бугарија. Лавината тргнува од емисијата „Не се плашете со Васил Василев“, потоа се проширува преку српските таблоиди, па пристигнува и на македонските профили на Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Измислено писмо на Путин кружи на социјалните мрежи

„Писмото на Владимир Путин до светот“, кое се споделува од многу корисници на социјалните мрежи, не е споменато од ниту едeн веродостоен медиум, ниту пак,  на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на Путин. Станува збор за комплетно фабрикувано писмо, споделено како да е напишано од Путин, иако тоа несомнено не се случило, пишува „Вистиномер“...

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...