fbpx
Таг: Hubmk

таг: hubmk

Од Алјаска преку Путин и Москва до Балканот и на крај кај нас

Објави на фејсбук шират дезинформација дека со новиот декрет на Путин, Алјаска, Балтичките држави, Тибет и други територии што историски ѝ припаѓале на СССР и Империјална Русија ќе бидат преземени назад. Лажната вест тргнува од ЕССАњуз (Полска), па се шири на Балканот и на крај пристигнува во Македонија. Точно е дека на 18.01.2024 година Путин потпишал декрет за управување...

Наводниот нацизам во Киев и натаму предмет на дезинформациите од Москва

Повеќе дезинформациски наративи може да се идентификуваат од почетокот на годинава во медиумскиот и интернет просторот на македонски јазик. Од тоа дека на Украина ѝ е „загрозена државноста“ ако ја продолжи војната, до тоа дека Зеленски ја загубил популарноста. Сепак најконзистентни остануваат дезинформациите за поврзаноста на елитите во Киев со нацизмот, што директно ги пласираа и Путин и Медведев....

Српските таблоиди ја „паднаа“ Владата на експремиерот Ковачевски

Наспроти ваквите неточни, потпалувачки и националистички обоени објави не „падна Владата во   Северна Македонија“, ниту пак, „Албанците полека но сигурно ја презеле власта“. Станува збор за избор на техничка, позната и како пржинска влада според т.н. Пржинскиот договор од 2015 година, чиј мандат е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24...

Дезинформациски круг на релација Софија-Белград-Скопје со типичен руски шмек

Познат е патот по кој течат руските дезинфо наративи – oд Русија преку Србија, па низ целиот Западен Балкан. Овојпат за промена, изворот е од соседна Бугарија. Лавината тргнува од емисијата „Не се плашете со Васил Василев“, потоа се проширува преку српските таблоиди, па пристигнува и на македонските профили на Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Измислено писмо на Путин кружи на социјалните мрежи

„Писмото на Владимир Путин до светот“, кое се споделува од многу корисници на социјалните мрежи, не е споменато од ниту едeн веродостоен медиум, ниту пак,  на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на Путин. Станува збор за комплетно фабрикувано писмо, споделено како да е напишано од Путин, иако тоа несомнено не се случило, пишува „Вистиномер“...

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува...

Путин не кажал дека Бугарија треба да се дели

Објава на руски блог којашто е нечие лично мислење, се пренесува прво во бугарски медиуми, па на крај во македонски медиуми и на социјални мрежи, каде што ѝ се прикачува наводен цитат од Путин за поделба на Бугарија, што тој никогаш не го кажал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На објава во Фејсбук групата Македонци...

Русија не е најсилна економија во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин даде изјава во која манипулативно тврди дека Русија е најсилната економија во светот. Она што ја прави изјавата на Путин манипулативна е недостатокот на целокупниот контекст, бидејќи јачината на една економија не се мери само преку бруто домашниот производ (БДП) според ППП (Паритет на куповна моќ). Тој параметар е само еден показател, односно еден начин...

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и демонска. Но, ова видео не е снимено во црква во Украина, ниту е некако поврзано со религија, како што...

Семејството на министерот за одбрана на Украина нема американско државјанство

Рустем Умеров, новиот министер за одбрана на Украина, не е поштеден од руската машинерија за дезинформации. На руски Телеграм канали кружеа лажни вести дека семејството на актуелниот министер за одбрана има американско државјанство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во деновите пред католичкиот Божиќ, на неколку руски групи на Телеграм се споделуваа лажни вести дека членовите...

Довербата на Украинците во Зеленски не е 42 проценти

Не постои ниедно истражување на јавното мислење во Украина коешто е јавно достапно ,а во кое довербата во претседателот на Украина, Володимир Зеленски е 42 проценти. Има едно истражување спроведено од Интернационалниот институт за социологија во Киев според кое довербата во Зеленски е 62 проценти. Но, во претходно истражување од Галуп, довербата на Украинците во него е 81 процент,...

Нема докази дека Украина во војната со Русија губи по 30 илјади војници месечно

Поранешниот јавен обвинител на Украина, Јуриј Лученко изнесува шпекулативни податоци за бројот на убиени и повредени војници. Впрочем и самиот во неговата изјава ги повикува властите на Украина да ги објават точните бројки на настрадани војници, што потврдува дека тој ги немал и не говорел врз основа на официјални податоци. Украина не ги соопштува бројките за своите загинати и повредени...

Руско бомбардирање на „руската“ Одеса

Рускиот претседател Владимир Путин и на маратонскиот медиумски спектакл по пауза од една година поради војната во Украина, не пропушти да каже дека „Русите и Украинците се еден народ“, дека „Одеса е руски град“. За цинизмот на Путин доволно говори тоа што ноќта пред интервјуто, а и денови потоа, „руската Одеса“, беше цел на крвав напад со дронови и...

Огнениот крст на божиќните украси во Летонија не е поврзан со нацистичката свастика

Летонија не го глорифицира нацизмот и фашизмот, а уште помалку тоа го прави преку новогодишни украси, како што сугерира објавата. Иако симболот на божиќните украси прикажани во видеото кое го споделува објавата изгледа како нацистичка свастика, тоа е угунскруст (огнен крст), кој потекнува од летонскиот фолклор и историја. Огнениот крст кој со милениуми се користи во фолклорот на летонската...

Со руски измислени „докази“се шири антисемитска пропаганда

Една од најпознатите измислици за „еврејскиот заговор“ и воедно најпознатиот фалсификат со трагични последици во светската историја се  т.н. „Протоколите на сионските мудреци“. Станува збор за опасна лага, публикација која е создадена во Русија во првата деценија на 20 век, која се проширила низ целиот свет веднаш по Болшевичката револуција, иако е измислица. Евреите како народ не се ексклузивно...

Интервјуа, рубрики, емисии и колумни – растечко присуство на Кина во македонските медиуми

Телевизиски емисии, рубрики во весници посветени на Кина, колумни и интервјуа на кинескиот амбасадор во Северна Македонија, како и промоција и објава на медиумски содржини на водечките кинески медиуми кои се под директна контрола од Кинеската комунистичка партија. За разлика од намаленото влијание на Кина кај проевропското политичко раководство на земјава, податоците покажуваат дека изминатиов период расте влијанието на...

ЕУ не ги негира македонскиот народ, историја и државност

Фактите говорат дека ЕУ на ниеден начин не ги спори, македонскиот јазик, идентитет, државност. Причината поради која Украина и Молдавија ги почнаа преговорите за членство во ЕУ пред Северна Македонија, не се поврзани со тоа што ЕУ ја спори македонската нација, јазик, историја или државност, туку затоа што никој не стави вето на почетокот на преговорите. За разлика од...

Графички изменето видео злоупотребено за да се исмее Бајден

Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември), објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина...

Бојана Зориќ: Медиумската писменост и младинскиот развој се суштински во справувањето со странското мешање и безбедносните предизвици

Безбедносните проблеми на Западен Балкан сега исто така се поврзани и со дезинформациите и лажните вести кои имаат тенденција да го дестабилизираат регионот и може да го попречат остварувањето на најважните стратешки цели на Западен Балкан. За оваа и за други теми Порталб.мк разговараше со Бојана Зориќ, експерт за безбедносни прашања во Западен Балкан. Таа нагласува дека безбедносните предизвици...