fbpx
Таг: Hubmk

таг: hubmk

Путин не кажал дека Бугарија треба да се дели

Објава на руски блог којашто е нечие лично мислење, се пренесува прво во бугарски медиуми, па на крај во македонски медиуми и на социјални мрежи, каде што ѝ се прикачува наводен цитат од Путин за поделба на Бугарија, што тој никогаш не го кажал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На објава во Фејсбук групата Македонци...

Русија не е најсилна економија во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин даде изјава во која манипулативно тврди дека Русија е најсилната економија во светот. Она што ја прави изјавата на Путин манипулативна е недостатокот на целокупниот контекст, бидејќи јачината на една економија не се мери само преку бруто домашниот производ (БДП) според ППП (Паритет на куповна моќ). Тој параметар е само еден показател, односно еден начин...

Реклама за казино претставена како сатанистички ритуал во црква во Украина

Видео во кое се гледаат пејачи, маскирани и нашминкани како ѓаволи, кои пеат на украински, се користи од страна на руската пропаганда за да се дезинформира јавноста дека е снимено во украинска црква и како небаре Украина е сатанистичка и демонска. Но, ова видео не е снимено во црква во Украина, ниту е некако поврзано со религија, како што...

Семејството на министерот за одбрана на Украина нема американско државјанство

Рустем Умеров, новиот министер за одбрана на Украина, не е поштеден од руската машинерија за дезинформации. На руски Телеграм канали кружеа лажни вести дека семејството на актуелниот министер за одбрана има американско државјанство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во деновите пред католичкиот Божиќ, на неколку руски групи на Телеграм се споделуваа лажни вести дека членовите...

Довербата на Украинците во Зеленски не е 42 проценти

Не постои ниедно истражување на јавното мислење во Украина коешто е јавно достапно ,а во кое довербата во претседателот на Украина, Володимир Зеленски е 42 проценти. Има едно истражување спроведено од Интернационалниот институт за социологија во Киев според кое довербата во Зеленски е 62 проценти. Но, во претходно истражување од Галуп, довербата на Украинците во него е 81 процент,...

Нема докази дека Украина во војната со Русија губи по 30 илјади војници месечно

Поранешниот јавен обвинител на Украина, Јуриј Лученко изнесува шпекулативни податоци за бројот на убиени и повредени војници. Впрочем и самиот во неговата изјава ги повикува властите на Украина да ги објават точните бројки на настрадани војници, што потврдува дека тој ги немал и не говорел врз основа на официјални податоци. Украина не ги соопштува бројките за своите загинати и повредени...

Руско бомбардирање на „руската“ Одеса

Рускиот претседател Владимир Путин и на маратонскиот медиумски спектакл по пауза од една година поради војната во Украина, не пропушти да каже дека „Русите и Украинците се еден народ“, дека „Одеса е руски град“. За цинизмот на Путин доволно говори тоа што ноќта пред интервјуто, а и денови потоа, „руската Одеса“, беше цел на крвав напад со дронови и...

Огнениот крст на божиќните украси во Летонија не е поврзан со нацистичката свастика

Летонија не го глорифицира нацизмот и фашизмот, а уште помалку тоа го прави преку новогодишни украси, како што сугерира објавата. Иако симболот на божиќните украси прикажани во видеото кое го споделува објавата изгледа како нацистичка свастика, тоа е угунскруст (огнен крст), кој потекнува од летонскиот фолклор и историја. Огнениот крст кој со милениуми се користи во фолклорот на летонската...

Со руски измислени „докази“се шири антисемитска пропаганда

Една од најпознатите измислици за „еврејскиот заговор“ и воедно најпознатиот фалсификат со трагични последици во светската историја се  т.н. „Протоколите на сионските мудреци“. Станува збор за опасна лага, публикација која е создадена во Русија во првата деценија на 20 век, која се проширила низ целиот свет веднаш по Болшевичката револуција, иако е измислица. Евреите како народ не се ексклузивно...

Интервјуа, рубрики, емисии и колумни – растечко присуство на Кина во македонските медиуми

Телевизиски емисии, рубрики во весници посветени на Кина, колумни и интервјуа на кинескиот амбасадор во Северна Македонија, како и промоција и објава на медиумски содржини на водечките кинески медиуми кои се под директна контрола од Кинеската комунистичка партија. За разлика од намаленото влијание на Кина кај проевропското политичко раководство на земјава, податоците покажуваат дека изминатиов период расте влијанието на...

ЕУ не ги негира македонскиот народ, историја и државност

Фактите говорат дека ЕУ на ниеден начин не ги спори, македонскиот јазик, идентитет, државност. Причината поради која Украина и Молдавија ги почнаа преговорите за членство во ЕУ пред Северна Македонија, не се поврзани со тоа што ЕУ ја спори македонската нација, јазик, историја или државност, туку затоа што никој не стави вето на почетокот на преговорите. За разлика од...

Графички изменето видео злоупотребено за да се исмее Бајден

Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември), објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина...

Бојана Зориќ: Медиумската писменост и младинскиот развој се суштински во справувањето со странското мешање и безбедносните предизвици

Безбедносните проблеми на Западен Балкан сега исто така се поврзани и со дезинформациите и лажните вести кои имаат тенденција да го дестабилизираат регионот и може да го попречат остварувањето на најважните стратешки цели на Западен Балкан. За оваа и за други теми Порталб.мк разговараше со Бојана Зориќ, експерт за безбедносни прашања во Западен Балкан. Таа нагласува дека безбедносните предизвици...

Видеото од дочекот на Путин во ОАЕ е објавено во повеќе светски медиуми

Видеото од дочекот на рускиот претседател Владимир Путин во Обединетите Арапски Емирати било пренесено во повеќе светски медиуми, како Телеграф, Скај њуз, Франс 24, Си-ен-ен, што значи дека истото не било забрането за емитување, како што се тврди во објавата што ја анализираме, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео...

Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

Фотографијата од објавата што ја рецензираме, на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од...

Со фотографија стара 15 години, со која се известувало за спорот со името, се билда „руска наклонетост”

Фотографијата од објавата што ја рецензираме во 2007 година е употребена во руските медиуми и тоа во контекст на известувањето за спорот за името кој тогаш го имаа Македонија и Грција. Деловите на картата од објавата коишто се во Грција, а се означени како Западна Македонија, Источна Македонија и Централна Македонија, всушност, го претставуваат начинот на кој Грција ги...

Бугарија не дозволи прелет на авионот на Лавров поради санкциите против Захарова, а не поради С. Македонија

Дел од руската делегација на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје беше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, чие присуство во рускиот авион ја натерало Бугарија да ја отповика дозволата за прелет над нејзина територија. Но, причината никако не е билатералниот спор што постои помеѓу Македонија и Бугарија, како што алудира оваа објава на Фејсбук,...

Украина не испраќа бремени жени да се борат со Русите

Не постојат релевантни докази кои ја поткрепуваат автентичноста на видеото. Според Центарот за стратешка комуникација основан под Министерството за култура и информативна политика на Украина за борба против дезинформации, видеото е лажно и инсценирано. Она што е факт е дека Украина не испраќа бремени жени на првата линија да се борат со Русите. Бремените жени и жените на породилно...

Богобојазливи радикални десничари осомничени за двојно убиство и обединети во политичката партија „ДЕСНА“

Споени три прста за светото тројство како заштитен знак. Фантомка и мачета пред карта на „Голема Македонија“. Собирање потписи и донации за „одбрана на името на МПЦ“. Свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, на кое му претходела уште една ликвидација, на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Она што е неспојливо само навидум и што би било инспиративна приказна...

Левица го грабна мегафонот на Кремљ

Добар дел од јавноста веќе од поодамна ја перципира Левица како проруска партија, длабоко навлезена во пропагандната машинерија на Кремљ. Партијата ја користи терминологијата на Москва, па руската инвазија ја нарекува „специјална воена операција“. Пратениците на Левица лани во март, токму среде руската воена офанзива на Украина, имаа средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин. Во периодот кога војната во...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...