fbpx

Со фотографија стара 15 години, со која се известувало за спорот со името, се билда „руска наклонетост”

Најраниот датум на кој во руските медиуми е претставена фотографијата, всушност води и до вистинскиот контекст во којшто таа е искористена. Имено, во 2007 година истата фотографија е искористена во текст во кој се зборува дека Македонија и Грција го продолжиле долгогодишниот политички спор во ОН за тоа кој го поседува името Македонија на Александар Велики и дека во седиштето на организацијата се водат тешки разговори на таа тема

-

Фотографијата од објавата што ја рецензираме во 2007 година е употребена во руските медиуми и тоа во контекст на известувањето за спорот за името кој тогаш го имаа Македонија и Грција. Деловите на картата од објавата коишто се во Грција, а се означени како Западна Македонија, Источна Македонија и Централна Македонија, всушност, го претставуваат начинот на кој Грција ги идентификува своите територии, а не начинот на кој Русија ја гледа С. Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Еве како Русите не претставуваат на нивната национална телевизија.

Потоа се споделува мапа на која е географската карта на која Северна Македонија е напишана под поранешното име Македонија, а дел од денешна Грција е претставен како Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија.

Фотографијата може да се пронајде објавена на Фејсбук уште на 4 јуни 2021 година, со најава:

Поздрав од руското министерство за надворешни работи! Недостига уште Пиринска Македонија на картата ќе биде брзо надокнадено

Претходно фотографијата ја има на Фејсбук објавена на 10 јануари 2016 година со напомена дека вака Македонија е прикажана на руската телевизија. Но, истата фотографија, всушност датира од 25.05.2009 година од форум на руски јазик, каде, пак, е претставен текст во кој се известува за земјотреси.
Потресите продолжуваат втор ден во Македонија. Досега се регистрирани вкупно 180 земјотреси. Максимумот – до седум степени е забележан во епицентарот на земјотресот, лоциран на 125 километри јужно од главниот град на Македонија – Скопје. Илјадници Македонци ја поминаа ноќта на улица, стравувајќи дека зградите ќе се урнат. Во некои градови и населени места е забележана паника кај населението. Засега никој не е повреден. Многу згради претрпеле помали оштетувања, пренесува ИТАР-ТАСС, стои на објавата на форумот каде е споделена и фотографијата од објавата што ја рецензираме.

На сајтот Вести.ру доколку се пребара, истата фотографија може да се пронајде уште во 2008 година во текст во кој се известува за преговорите меѓу Македонија и Грција:

Грција и Македонија ги продолжија преговорите за името на поранешната југословенска република. Тие се одржаа зад затворени врати и нивните резултати не беа јавно објавени. Судејќи според изјавите на грчката страна за спречување на Македонија да влезе во меѓународните организации со нејзиното сегашно име, спорот до денес не е решен.

Риа новости е медиум контролиран од Руската Федерација. Но, најраниот датум на кој во руските медиуми е претставена фотографијата, всушност води и до вистинскиот контекст во којшто таа е искористена. Имено, во 2007 година истата фотографија е искористена во текст во кој се зборува дека Македонија и Грција го продолжиле долгогодишниот политички спор во ОН за тоа кој го поседува името Македонија на Александар Велики и дека во седиштето на организацијата се водат тешки разговори на таа тема. Затоа картата, која е прикажана во објавата што ја рецензираме, прикажува како во таа година (2007) меѓу двете држави постоеше спорот за името. Со картата не се имплицира дека Русија мисли на С. Македонија кога ја означува на картата во денешна Грција. И во Грција има територии коишто се викаат Македонија и се самоидентификуваат така. Картата од објавата е за тој сега веќе надминат проблем и всушност е стара повеќе од 15 години.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот, затоа што не се наведува фактот дека картата прикажана во објавата не е искористена сега, во 2023 година, туку во 2007 година во контекст на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Деловите на картата коишто се во Грција, а се означени како Западна Македонија, Источна Македонија и Централна Македонија, всушност го претставуваат начинот на кој Грција ги идентификува своите територии.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...