понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: спорот за името | 164 резултати

Могерини и Хан го потврдија приемот на известувањето за новото име на Македонија

февруари 15, 2019

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопштија дека го примиле известувањето од Република Северна Македонија за новото име и упатија честитки и до Скопје и Атина за постигнатиот напредок. „Денеска Европската Унија беше формално известена од Република Северна Македонија за нејзиното ново име, по стапувањето на сила […]

Кацин: Компромисот на Македонија и Грција во регионот треба внимателно да се проучува

февруари 14, 2019

Без разрешување на сите билатерални спорови нема да има понатамошно проширување во Западниот Балкан, во изјава за „Јуропиан Вестерн Балканс“ порачува Јелко Кацин, постојан претставник на Словенија во НАТО и поранешен известувач во Европскиот парламент за Србија и Црна Гора. Одлуката Република Северна Македонија да го смени името е резултат на историски политички договор, нагласува […]

Ахмети: Надвор од НАТО, Македонија тешко ќе опстои

септември 12, 2018

Референдумот на 30 септември е печат кој му дава вредност на мирот, стабилноста и ќе се затвори едно поглавје која трае веќе 25 години. Ова е референдум за НАТО, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија „Клан“. Тој вели дека Албанците се во својата земја, во нивната држава и затоа […]

МАНУ ќе прави напори да не се менува нејзиното име

септември 11, 2018

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се консултира со експерти за да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа, беше кажано вчера во научната расправа „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликација врз евроатланските интеграции на Република […]

Хан: Да не се ризикува иднината на Македонија поради дневно-политички причини

јули 30, 2018

Ги повикувам сите политички лидери да постапуваат конструктивно за да се постигне целта и да не се загрози напредокот поради дневно-политички причини, им порача еврокомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан на македонските политичари во интервју за „Еурактив“. Тој вели дека дефинитивно Македонија постигнала најголема напредок во изминатава година, со тоа што ја надминала […]

Коѕиас: Граѓаните на соседната земја имаат право да се нарекуваат Македонци

јули 23, 2018

Не можеме да го смениме универзалното право, соседите да се нарекуваат Македонци, на индивидуално и неофицијално ниво, но ние можеме да ги нарекуваме како сакаме, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека „вон институционалниот систем и вон јавниот простор, не можеш на луѓето […]

Грабар-Китаровиќ: Договорот за името е многу добар

јули 11, 2018

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми пред Самитот на НАТО изјави дека Договорот на Македонија и Грција е исклучително добар, бидејќи се зачувуваат зборовите Македонци и македонски. Хрватската претседателка се надева дека Договорот ќе биде потврден од македонските граѓани на референдумот. – За нас е посебно важно да се стабилизира југоистокот на Европа, […]

Костадинов: Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да потпише

јули 5, 2018

Пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, на прес-конференција во Собранието, откако пратениците вторпат го ратификуваа Договорот со Грција, порача дека станува збор за патриотски чин и договор што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина. Тој рече дека претседателот Ѓорге Иванов е […]

Џафери: Западен Балкан повеќе не е „буре барут“

јуни 27, 2018

Денес, благодарение на волјата и зрелоста на сите нас кои живееме во Регионот, меѓутоа и ангажираноста на нашите меѓународни пријатели, Западен Балкан не е веќе симболично кажано „буре барут“, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, на отворањето на семинарот „Рос-Рот“ во Собранието. Потсетувајќи на потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија, Џафери се потсети на […]

„Путиновиот конгресмен“, Рорабакер, божемно го поддржува договорот за името и провоцира

јуни 27, 2018

Дејна Рорабакер, републиканскиот конгресмен од Калифорнија, што го нарекуваа „омилениот конгресмен на Путин“ и многу пати се огласуваше во полза на идејата за Голема Албанија, а исто така и предизвика сериозна вознемиреност со неговата изјава дека Македонија „не е држава“ и треба да се подели, го поздрави Договорот меѓу Македонија и Грција. Во обраќањето преку […]

Влада: Македонија доби датум за преговори, препознаени се позитивните промени

јуни 27, 2018

Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја. Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на седницата вчера донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година, соопшти Владата. „Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа […]

„Република Северна Македонија“ за Алијанса за Албанците е прифатливо име

јуни 25, 2018

Новиот предлог за името на државата „Република Северна Македонија“  преставува позитивен момент во изнаоѓање на трајно решение за името во спорот меѓу двете соседни земји и го отвара патот за ЕУ и НАТО интеграциите, смета Алијанса за Албанците. „Веруваме дека овој предлог е прифатлив за сите, и не го уценува мултиетничкиот карактер на државата, за […]

Шекеринска: Убедени сме дека до Самитот на НАТО ќе обезбедиме поддршка од сите членки

јуни 22, 2018

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека на Самитот на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел Македонија ќе ја обезбеди поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство. Според Шекеринска, земјава исполнила големи домашни задачи, што, според неа, се силни аргументи во […]

Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

јуни 22, 2018

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, испратила честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за Договорот со Грција за разрешување на спорот за името и порачала дека Германија силно ќе го поддржи, информираше македонската влада. „Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република […]

Советник на Хан: ЕУ да даде зелено светло на Македонија за преговори

јуни 22, 2018

Земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија, смета Франц Шаусбергер, специјален советник на […]

НСДП: Даваме целосна поддршка на Договорот со Грција

јуни 22, 2018

Нова социјалдемократска партија (НСДП) вчера, конституирајќи го својот нов Извршен одбор, дала целосна поддршка на постигнатиот договор помеѓу владите на Македонија и Грција. „По  повеќе години изгубени во изолација, авторитарно владеење, нарушени односи со соседите,  национал-романтичарски манипулации со чувствата на народот, популизам, позади кој се криеја лукративни и коруптивни интереси на политички елити, Македонија дојде […]

Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

јуни 20, 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спорот за името, јави МИА. – Се надевам дека ќе има напредок со поранешната […]

Германската влада повика политичките сили во двете земји да ја поддржат спогодбата

јуни 18, 2018

Германската Влада ја поздрави спогодбата помеѓу Атина и Скопје и апелира политичките сили од двете земји да ја поддржат. Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, спогодбата дава доза оптимизам, но загриженост предизвикуваат насилствата за време на протестите во Скопје против договорот, пренесува АНА-МПА. За германската Влада, спогодбата е важен чекор напред за двете земји […]

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

јуни 16, 2018

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање […]

Борисов: Ќе беше предавство со фанфари и почести да го пречекам Иванов

јуни 14, 2018

Ќе беше предавство доколку по она за што прочитав вчера, по средбата од 120 секунди меѓу премиерот Заев, министерот за надворешни работи и претседателот Иванов, него денеска да го пречекам со фанфари и почести. Затоа проценив дека денеска не е моментот, рече во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов одговарајќи на новинарски прашања за одбивањето да […]

Страна 1 од 8