fbpx
Таг: спорот за името

таг: спорот за името

Во Атина не се сигурни: Μακεδονία του Ίλιντεν или Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας

Грчките медиуми ги преземаат информациите од македонските портали околу новиот предлог за името. Во грчка транскрипција и превод, првичните верзии се „Македониа ту Илинден“ (Μακεδονία του Ίλιντεν – Илинденска Македонија) или „Димократиа тис Илинден Македониас“ (Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας – Република Илинденска Македонија). Информациите се главно околу историјатот на терминот и засега нема коментари колку тоа се вклопува во грчките црвени...

Мицкоски се пожалил на Меј дека државата е во влошена економска состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средба со британската премиерка Тереза Меј, која беше во кратка посета на Македонија, разговарал за актуелната политичка и општествена ситуација во земјава и можностите за соработка со Обединетото Кралство. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко. Тој стакна дека Владата демонстрира недостиг на...

Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ја прифати поканата за ТВ дуел од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа го соопштија од Владата вчера, кратко време откако Мицкоски по седницата на Централниот комитет на партијата упати таков предизвик до Заев. – Премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата е...

ВМРО-ДПМНЕ повторно повика Заев да каже што се договара за името

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го повика премиерот Зоран Заев да соопшти на јавноста што се разговара за името и повторно побара лидерска средба. - Трет ден имаме молк од владата и премиерот Заев на повикот за итна лидерска средба на која ќе се разговара за деталите и тековите на  најважното прашање на граѓаните на Република Македонија, прашањето за името. Единствените...

Заев: Не е можен исчекор во спорот за името до четврток

Премиерот Зоран Заев денеска порача оти пред четврток, кога во Софија ќе се најде со грчкиот колега Алексис Ципрас, не е можно да се постигне исчекор во процесот за решавање на спорот за името. - Се појавуваат информации дека е готово, сега на 17-ти сè ќе се реши... Не е така. Јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на...

Коѕиас: Денеска смисливме многу алтернативи, но не стигнавме до одлука

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас, на денешната прес конференција по министерскиот состанок во Солун, рече дека остануваат уште 1-2 централни прашања да се решат, а со неговиот македонски колега Никола Димитров разговарале за алтернативите и варијантите за решение, но не дошле до решение, пренесува МИА. - Мислам дека денеска смисливме многу алтернативи, не стигнавме до одлука, ќе...

Димитров и Коѕијас разговарале за комбинации од потешките прашања

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на маргините на денашната квадрилатерална средба во Солун истражувале опции и комбинации за потешките прашања од преговорите за името, кои би биле прифатливи за двете страни, јави МИА. -Знаете дека разлики се уште има. Ова што вчера и денеска го правевме е испитување комбинации, кои едната или другата...

Заев: Очекувам решение за името до крајот на јуни, Уставот ќе се отвора пред влезот во ЕУ

Со овие продемократски, прозападни и проевропски манири со коишто се однесуваме и двете страни во разговорите верувам дека ќе смогнеме сили до самиот крај да изнајдеме решение кое биде од корист на двете страни. Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржувањето на Советот на министри, односно Советот на Европа. А веднаш после него е...

Мета: Албанците и Македонците заедно да најдат решение со Грција

Албанците и Македонците заеднички да го решат прашањето за името со Грција, побара албанскиот претседател Илир Мета по денешната посета на Струга и средбата со градоначалникот Рамиз Мерко, јави Алсат-М. Мета потенцира дека е оптимист дека ќе се дојде до решение пред самитот на НАТО во јули во Брисел. -Името е прашање за кое Македонците и Албанците заедно треба да се...

Ципрас: Грција прв пат решително бара решение за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер порача дека неговата земја по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемно прифатливо решение за името, јави Радио Слободна Европа. Според него, Грција во последните години покажала дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради...

Димитров и Коѕијас ги завршиле разговорите со работна вечера

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вчера во Виена четири часа разговараа за решение на спорот за името, а средбата ја завршиле со работна вечера. По средбата, шефовите на дипломатии на двете земји не дадоа изјави за медиумите. Посредникот во преговорите Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН рече дека имало интензивна...

Заев: Важно е да не бидеме обезличени дома

Многу е важно дома да не бидеме обезличени, да не бидеме обесчестени, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за бугарската телевизија БТВ, коментирајќи ги разговорите за прашањето за името во Грција. Притоа, на прашањето кое име е најприфатливо, не даде директен одговор, но нагласи дека мора да се гледа реално и да се каже дека Македонија е многу поголема...

Нимиц, Димитров и Коѕиас денеска се среќаваат во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас денеска во Виена ќе се сретнат со Метју Нимиц, посредникот во преговорите за името под покровителство на ОН. Како што соопштија од седиштето на ОН во Њујорк, Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето со името“. Иако вчера еврокомесарот Јоханес...

Димитров, Коѕиас и Нимиц за пет дена на нова средба во Виена?

Медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, наредната недела на 25 април ќе одржат нова средба во Виена, објавија грчките медиуми, пренесува МИА. На оваа средба, според грчките медиуми, ќе се направат напори да се надминат разликите од средбата во Охрид. За десетина дена по оваа, најверојатно ќе следува уште...

Димитров и Коѕиас имале „разговор без надмудрување“ и дефинирале временска рамка

Разговаравме за првпат за временската рамка и за чекорите кои ќе следат, доколку се постигне решение, односно како тоа ќе изгледа и ќе се имплементира. Ова беше разговор без надмудрување, со големо разбирање за потребите на другиот. Нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги составиме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го...

Коѕиас по средбата со Дачиќ: Направен е чекор напред во преговорите на Грција и Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград изјави дека во преговорите на Грција и Македонија за спорот за името е направен чекор напред, како и дека клучот за решавање на проблемот се „реализмот, прагматизмот и сфаќањето дека треба да се направат компромиси“, пренесуваат српските медиуми. - Треба да направиме...

Жбогар: Се интензивираат разговорите за спорот за името

Постои посветеност и дискусиите се интензивираат, што е добро. Со нетрпение ги очекуваме состаноците оваа недела, изјави амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар при денешниот престој во Прилеп, одговарајќи на прашањето како ги оценува последните разговори и средби меѓу Македонија и Грција за решавање на прашањето за името. – Добро е што дискусиите продолжуваат и дека се интензивираат. Гледаме дека...

Димитров – Коѕиас: Чесно решение е она кое ќе ги земе предвид позициите на двете страни

По билатералната средба на двете делегации - македонската и грчката - шефовите на дипломатиите изразија добра волја за постигнување на решение, но и поприлична резервираност во однос на брзо решение на проблемот со името. Сепак, двајцата министри за надворешни работи упатија заедничка порака - дека мора да се работи на надминување на проблемите и на градење заедничка иднина. И...

МАНУ: Апсурдни, неодржливи, невозможни и неостварливи се предлозите за името

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Таки Фити во своето експозе на годишното собрание на академијата апелираше за изнаоѓање заемно прифатливо решение за прашањето за името и ги охрабри властите на Македонија и на Грција да ја преземат одговорноста и храбро да се соочат со реалностите на времето. Tој порача и дека решение за име за сеопшта...

Димитров: Нашата платформа се разликува од грчката, нема поместување од минатата средба

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Никола Димитров не сакаше да коментира за точките на грчката нацрт-платформа за решавање на спорот, а за македонската платформа рече дека се разликува од грчката. - Грчката нацрт сподогоба е предмет на анализа во овој период, не знам колку ќе биде корисно да коментирам за содржината. Имаме и наша нацрт-спогодба за која не зборувавме оти,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...