fbpx

Српските таблоиди ја „паднаа“ Владата на експремиерот Ковачевски

Убедливо со најлоши наслови излегоа Информер и Мондо, кои со подбуцнувачки тон фокусот го ставија на тоа дека техничкиот премиер Талат Џафери е Албанец, со очигледни намери да ја извртат вистината и да провоцираат меѓуетнички тензии

-

Наспроти ваквите неточни, потпалувачки и националистички обоени објави не „падна Владата во   Северна Македонија“, ниту пак, „Албанците полека но сигурно ја презеле власта“. Станува збор за избор на техничка, позната и како пржинска влада според т.н. Пржинскиот договор од 2015 година, чиј мандат е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 април и на 8 мај. Во оваа постапка нема ништо спектакуларно. Ни се случува третпат. Во 2016 година оставка поднесе тогашниот премиер Никола Груевски, во 2020 година, 100 ден пред парламентарните избори, оставка поднесе експремиерот Зоран Заев, а тоа сега го стори и Ковачевски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Изборот на новата техничка влада (28.01.2024) беше повод за дезинформации и тенденциозно известување во дел од медиумите во регионот кои навалија со сензационалистички наслови дека „паднала македонската влада“. Иако Владата, на чие чело застана доскорешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, е трета ваква техничка влада, којашто се формира за да ги спроведе изборите, тоа не ги спречи некои од медиумите да излезат со провокативни, па и подбуцнувачки написи, како што се на пример, овие текстови на espreso.co.rs , informer.rs и на mondo.rs:

PADA VLADA, POTRES U SEVERNOJ MAKEDONIJI: Premijer napravio DRAMATIČAN POTEZ  (ПАДНА ВЛАДАТА, ЗЕМЈОТРЕС ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Премиерот направи ДРАМАТИЧЕН ПОТЕГ)

Šiptar na čelu Makedonije, Albanci polako ali sigurno potpuno preuzimaju vlast u Skoplju (Ш**тар на чело на Македонија, Албанците полека, но сигурно ја преземаат власта во Скопје)

NACIONALNA IZDAJA, NJEGOVIM IZBOROM NAROD JE ZGAŽEN! Prvi Albanac na čelu Vlade – “Mi smo podstanari u vlastitoj zemlji (НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО, ПО НЕГОВ ИЗБОР НАРОДОТ Е ЗАПАДЕН! Првиот Албанец на чело на Владата – „Ние сме кираџии во сопствената држава)

Ама, наспроти ваквите неточни, потпалувачки и националистички обоени објави не „падна Владата во Северна Македонија“, ниту пак, „Албанците полека, но сигурно ја презеле власта“. Станува збор за избор на техничка, позната и како пржинска влада, според т.н. Пржинскиот договор од 2015 година, чиј мандат е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 април и на 8 мај. Според овој Договор, склучен за надминување на политичката криза од 2015 година настаната по аферата со прислушувањето, сто дена пред парламентарните избори се  избира техничка – преодна влада, во која опозицијата партиципира со министри во ресорите за внатрешни работи и труд и социјална политика, како и со дополнителни заменици-министри  во финансии, земјоделство и шумарство и во информатичко општество и администрација.

Процедурата за воспоставување на ваквата преодна, техничка или пржинска влада, започнува со оставката на претседателот на актуелната политичка влада, во конкретниот случај предводена од Димитар Ковачевски, што, според Уставот, повлекува оставка и на целата влада.

Во оваа постапка нема ама баш ништо спектакуларно, никаква драматика. Ни се случува третпат. Во 2016 година оставка поднесе тогашниот премиер Никола Груевски, во 2020 година, 100 ден пред парламентарните избори, оставка поднесе експремиерот Зоран Заев, а тоа сега го стори и Ковачевски .

 

Што пишуваа српските медиуми?

Фото: колаж од вести, принтскрин

Уште пред почетокот на викендот и пред изборот на техничката влада, поточно во петокот (26.01.2024) во српските медиуми осамнаа наслови дека „падна владата во С. Македонија“, а оставките на Ковачевски и Џафери се директна причина за „падот“, при што се шпекулира и дека во државата има политичка криза. Вакви сензационалистички и кликбејт наслови имаше на пример во Политика.рс, Тпортал.хр, Српскаинфо, Б92, РадиоСарајево, Блиц.рс, Нова.рс, Атвбл.рс,НСУживо, Вести-онлајн, Курир.рс, СпутникСрбија, Српски, Република.рс, Спона, СрбијаДанас, Нпортал и Еспресо.ко.рс.

Убедливо со најлоши наслови излегоа Информер и Мондо, кои со подбуцнувачки тон фокусот го ставија на тоа дека техничкиот премиер Талат Џафери е Албанец, со очигледни намери да ја извртат вистината и да провоцираат меѓуетнички тензии.

Пишува: Матеј Тројачанец

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...