fbpx

Не е точно дека само „Гардијан“ го објавил интервјуто на Путин со Карлсон на својата насловна страница

Интервјуто на Путин со американскиот новинар Такер Карлсон кое беше снимено во Москва, го пренесоа голем дел од светските весници. Така на пример, „Вашингтон пост“ на 11 февруари излезе со наслов „Такер Карлсон го разоткри вистинскиот воен мотив на Путин: Русија да ја поседува Украина

-

Објавата неточно тврди дека „’Гардијан’ со седиште во САД бил единствениот голем весник што го објавил интервјуто на својата насловна страница“. Најпрвин, Гардијан е британски весник, не е од САД. Исто така, на насловните страници на весниците во САД имаше вести поврзани со интервјуто на рускиот претседател со Карлсон, а за него известија и други големи британски весници, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук којашто тврди дека само „Гардијан“ известил за интервјуто на рускиот претседател, Владимир Путин со американскиот новинар Такер Карлсон на својата насловна страница. Ова не е точно.

Путин му рече на Такер Карлсон дека САД „мора да престанат да испорачуваат оружје“ на Украина“: „Гардијан“ со седиште во САД беше единствениот голем весник што го објави интервјуто на својата насловна страница. Останатите се правеа дека ништо не се случило, стои во објавата.

Објавата споделува и фотографија од насловната страница на „Гардијан“ со датум од 9 февруари.

Гардијан не е весник „со седиште во САД“. Станува збор за британски весник од Манчестер, основан во далечната 1821 година. Исто така, други весници од САД пренесоа информации за интервјуто на рускиот претседател на своите насловни страници.

За интервјуто на Путин, со наслов „Во интервјуто со Карлсон, Путин рече дека САД можат да ја спречат војната“, на својата насловна страница извести и „Њујорк тајмс“ со датум од 9 февруари.

Вест поврзана со интервјуто најдовме и на насловната страница на „Волстрит журнал“ од 9 февруари.

Веста се однесува на тоа дека Путин му рекол на Карлсон оти може да се постигне договор за ослободување на затворениот американски репортер на „Волстрит журнал“, Еван Гершковиќ.

Интервјуто на Путин со американскиот новинар Такер Карлсон кое беше снимено во Москва, го пренесоа голем дел од светските весници. Така на пример, „Вашингтон пост“ на 11 февруари излезе со наслов „Такер Карлсон го разоткри вистинскиот воен мотив на Путин: Русија да ја поседува Украина“.

Британски „Мирор“ на 9 февруари објави напис со наслов „Интервјуто на Такер Карлсон со Владимир Путин започнува со бизарно 30 – минутно предавање“. „Мирор“ го пренесуваше и во живо интервјуто.

Британски „Телеграф“ пишуваше за „Петте клучни моменти од интервјуто на Такер Карлсон со Путин“, а „Индепендент“ оценувајќи го интервјуто како „чудно“ излезе со напис „Прашања за софтбол, теории на заговор и 30-минутна лекција по историја: чудно интервју на Такер Карлсон со Владимир Путин“.

Според ова, не може да се каже дека „’Гардијан’ со седиште во САД бил единствениот голем весник што го објавил интервјуто на својата насловна страница“, како што тоа го тврди објавата. Проверката на Вистиномер покажа дека, најпрвин Гардијан не е весник со седиште во САД, а вести поврзани со интервјуто на рускиот претседател со Карлсон, сепак, имало на насловните страници на американските весници, а за него известиле и други големи британски весници. Според тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...