среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: весници | 23 резултати

ЗНМ со осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“

септември 2, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува начинот на јавна комуникација и обвинувањата упатени кон весникот „Коха“ од страна на Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА). Овој институт на својата веб страна и на профилите на социјалните мрежи има објавен текст насловен како „Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!“, во […]

Вук Велебит: Српскиот печат е попристрасен и од рускиот „Спутњик“

март 25, 2019

Во Србија секојдневно се сервираат манипулации и дезинформации од страна на прорежимските телевизии. Голем проблем е и отсуството на информирање и намерата на власта преку своите телевизии да манипулира со јавното мнение и да ги дискредитира политичките противници. Вук Велебит е автор и истражувач што се занимава со руската пропаганда во дневниот печат во Србија. […]

СЈО го презема затворањето на весниците на МПМ

јули 24, 2018

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) комплетно ја презема надлежноста за случајот со затворањето на весниците на МПМ од скопското обвинителство, јави ТВ 24. Се истражуваат наводи од една од „бомбите“, односно  злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Керим и Јана Станисављева. Се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ. […]

Што препорачува Прибе за медиумите: Ослободување од ДДВ, намалени даноци…

септември 15, 2017

Констатирајќи дека состојбата на медиумите во Македонија е поприлично лоша, вториот извештај на Рајнхард Прибе објавен вчера, дава низа препораки за подобрување на медиумската сфера. „Спроведувањето на сите препораки, вклучувајќи ги и главните препораки од 2015 година, е неопходно за справување со системските проблеми на медиумите“, се вели во извештајот. Владата мора да стори сè за […]

ЗНМ и Манчевски разговараа за можното субвенционирање на весниците

септември 7, 2017

Здружението на новинарите на Македонија заедно со претставници на печатените медиуми, денеска со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараа за можноста за субвенционирање на печатените медиуми во Македонија. Темата беше иницирана од ЗНМ за да се помогне на весниците да се прилагодат на новите услови за работење на пазарот, особено по појавата на […]

ССНМ: Политиката и менаџментот се виновни за згаснувањето на „Дневник“ и на МПМ

јуни 14, 2017

Згаснувањето на еден од првите независни весници во Македонија е уште еден клинец во ковчегот со кој цела деценија се погребува новинарството во земјава, стои во реакцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за затворањето на дневниот весник „Дневник“. Од синдикатот, потсетувајќи дека „Дневник“ престана да излегува само месец и половина откако […]

Новинарите со протестен собир ги најавија последните броеви на „Вест“ и на „Утрински“

април 28, 2017

Новинарите на „Утрински весник“ и на „Вест“ се собраа на паркиралиштето на трговскиот центар „Зебра“ каде што преку мирен протестен собир го одбележаа згаснувањето на двата дневни весници, кои 18 години излегуваа и ја обележаа медиумската сцена. Овие два дневни весници, за последен пат во печатено издание ќе излезат утре, 29 април. Новинарите добија поддршка […]

ЗНМ: Менаџментот на МПМ, наместо да ја реши кризата, се пресметува со новинарите

април 21, 2017

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази загриженост поради опасноста „Медиа принт Македонија“ (МПМ), која поседува четири весници, еден магазин и еден интернет-портал, да оди под стечај. ОД ЗНМ велат дека намерата на сопствениците и на менаџерите на МПМ не е да ја решат кризата во компанијата, туку полека да ги згаснат весниците преку […]

Поддршка за новинарите во МПМ од синдикатите на Црна Гора, Хрватска и на Србија

февруари 24, 2017

Синдикатите на новинари на Црна Гора, Хрватска и на Србија изразија целосна солидарност и поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на новинарите на „Утрински весник“, „Дневник“ и на „Вест“, трите дневни весници на фирмата „Медиа принт Македонија“, кои штрајкуваат од 17 февруари годинава поради неисплатени плати, придонеси и хонорари, како и […]

Петти ден штрајк на новинарите во МПМ

февруари 21, 2017

Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот „Вест“ од страна на штрајкувачкиот одбор на „Вест“, „Утрински весник“ и на „Дневник“, денеска се одбележа петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на „Медиа принт Македонија“. Од Самостојниот синдикат на новинари велат дека прекинот на работата заради неисполнетите барања за […]

СЈО истражува во МПМ

февруари 17, 2017

Тим на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влегол во „Медиа принт Македонија“ (МПМ) дознава „Призма“. Целта на СЈО била да истражуваат дел од финансиското работење на оваа издавачка куќа, која под своја капа ги има весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, магазинот „Теа“ и интернет порталот „Телеграф“. Сопственик на МПМ остана само поранешниот шеф […]

Новинарите на МПМ почнуваат со штрајк на неопределено време

февруари 17, 2017

Новинарите и другите медиумски работници на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), денеска, на Денот на македонското новинарство (17 февруари), ќе стапат во штрајк на неопределено време. Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“. – […]

Српските весници престанаа да се дистрибуираат во Македонија, оти МПМ им должи

февруари 8, 2017

Дневните весници од Србија од завчера не се дистрибуираат во Македонија поради долг на „Медија принт Македонија“ (МПМ) кон српскиот дистрибутер „Беоколп“, јавуваат српските медиуми. Комерцијалниот директор на „Беоколп“, Драшко Ѓуриќ, за Унијата на новинари на Србија (УНС) изјави дека МПМ повторно не исплатила пари за дистрибуција. – МПМ на „Беоколп“ не му исплатил три заостанати […]

„Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ со намален тираж поради недостиг од хартија, МПМ негира

ноември 5, 2016

Дневните весници што ги издава „Медиа принт Македонија“ (МПМ), „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, во петокот и во викенд-изданијата излегоа во многу намален тираж и без редвните прилози, наводно, поради недостиг од печатарска хартија. Оваа состојба, која се гледа и на проджните места, каде и вчера и денеска тешко се наоѓаат примероци од трите весници, била констатирана […]

Со продажбата на „Слободен печат“ мнозинството македонски медиуми добија српски газди

октомври 26, 2016

Српската компанија „Адриа медиа груп“ објави дека го откупила контролниот удел во весникот „Слободен печат“. Преку оваа зделка белградската групација стана доминантен сопственик во новата издавачка компанија „Адриа медиа Балкан“, која од денеска го издава весникот „Слободен печат“ кој е критички медиум кон политиките што ги практикува сегашната власт. Со тоа српските компании, кои во огромен процент […]

Унгарија смета дека слободата на медиумите во таа земја не е загрозена

октомври 21, 2016

Министерството за надворешни работи нa Унгарија денеска соопшти дека загриженоста на Соединетите Американски Држави (САД) поради слободата на унгарските медиуми е неоснована, јавуваат светските медиуми. Според портпаролот на унгарското министерство за надворешни работи, Тамаш Менцер, унгарските медиуми изнесуваат низа различни ставови и притоа нивната слобода не е загрозена. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер, […]

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

февруари 12, 2016

Денеска, во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, новинари и уредници од поголемите медиуми во Македонија потпишаа Повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). На потпишувањето на повелбата присуствуваа и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп. […]

Генералниот секретар на ДИК ќе се избира на јавен оглас

декември 23, 2015

Утре во два печатени медиума треба да биде објавен јавен повик за избор на генерален секретар на Државната изборна комисија (ДИК). ДИК соопшти дека на вчерашната седница го усвоила правилникот за утврдување на начинот и на постапката за избор на генерален секретар на ова највисоко изборно тело. Претседател на ДИК е Александар Чичаковски, кој е магистер […]

Што има на насловните страници на весниците

мај 11, 2015

Главните наслови во весниците во Македонија се посветени на акцијата во Куманово. „Дневник“ со наслов „Терористите планирале масовни убиства во Македонија“, пишува дека терористички напади на цивилни цели, државни институции и на полициски станици кон средината на овој месец планирала терористичката група која е неутрализирана и елиминирана во полициската акција во Kуманово. „Утрински весник“ во текстот „Македонија […]

Страна 1 од 1