fbpx

Евростат: 72 отсто од македонските граѓани се информираат од онлајн медиуми

-

Мнозински 72 отсто од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години во 2021 година го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците, покажуваат податоците на Евростат. Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки на ЕУ.

Притоа, најголеми корисници на онлајн медиумите во Европа имало во Финска – 93 отсто, по што следат Литванија и Чешка со по 92 отсто од граѓаните на овие земји. Наспроти ова, најмал процент од граѓаните се информираат онлајн во Романија – 59 отсто, Германија – 62 отсто и Франција – 63 отсто.

Меѓу земјите – кандидати за членство во ЕУ од регионот, најмалку корисници на интернетот за читање вести по порталите и електронските верзии на весниците има во Албанија – 58 отсто, додека Црна Гора предничи со 80 отсто од граѓаните кои читаат вести онлајн.

Од родова перспектива, податоците на Евростат покажуваат дека 74 отсто од мажите во ЕУ го користат интернетот за читање вести онлајн, наспроти 71 отсто од жените.

Од аспект на возрасни групи, во земјите-членки на ЕУ читањето онлајн на портали и весници е најпопуларно кај возрасната група меѓу 25 и 54 години (75 отсто). Лицата со високо образование (85 отсто) воглавно го користеле повеќе интернетот за информирање онлајн од лицата кои не достигнале такво ниво на образование (57 отсто).

Напишете коментар

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
online free course
download lava firmware
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy course