fbpx

Украинската химна се пееше во 50 земји во светот, одекна и од Плоштадот Македонија

-

На Плоштадот Македонија во Скопје денеска беше одбележан Денот на независноста на Украина. Во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“ и во организација на Амбасадата на Украина во државава и Здружението на Украинци „Лесја Украинка“ присутните држејќи се за раце се придружија на човечкиот синџир како симбол на единството на луѓето на слободниот свет.

За време на одбележувањето поддршка за Украина во Северна Македонија на кое присуствуваа и амбасадорите на Германија, Соединетите Американски Држави, Холандија, Шведска беше поставен и светски рекорд за изведување на Националната химна на Украина што се случи истовремено во 50 држави во светот.

Руман Буга, прв секретар во Украинската амбасада во Северна Македонија, порача дека војната во Украина промени сè, како и за државата, така и за Европа и за светот.

„Благодарност и до сите наши пријатели ширум светот за помош и поддршка за Украина“, рече Буга.

Олександар Урбанович од Здружението „Лесја Украинка“ се заблагодари на Македонија за помошта, опишувајќи ја како „мала земја со лавовско срце“.

„Дадовте дури и повеќе од што можевте и никогаш нема да заборавиме. 24 Август за Украинците е најзначаен празник бидејќи независноста е токму тоа за што се бори денес Украина“, порача Урбанович.

Украина прогласи независност од Советскиот Сојуз на 24 август 1991 година. На 24 февруари започна руската агресија врз Украина, така што граѓаните на оваа земја денеска одбележуваат и шест месеци од одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Напишете коментар

Мета факт: Добиен заем од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето

Владата во својата Програма за работа за периодот од 2022 до 2024 година има ветено дека ќе се обезбеди заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во висина од 50...
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
free download udemy paid course
download xiomi firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy course download free