среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: онлајн медиуми | 26 резултати

Комисијата за жалби при СЕММ досега разгледувала над 500 претставки, речиси 80 отсто се за онлајн медиуми

март 28, 2022

За осум години функционирање, Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) разгледала над 500 доставени претставки, а за забележување е дека речиси 80 отсто од нив се однесувале за онлајн медиумите. Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски на дебатата на тема „Медиумска саморегулација […]

Младите се на интернет за видеоповици, праќање пораки и учество на социјалните мрежи [инфографик]

ноември 20, 2021

Како никогаш досега, дури 83,7 отсто од домаќинствата во Македонија во првите три месеци од 2021 година имале пристап до интернет. Притоа, 99,5 отсто од младите на возраст од 15 до 24 години користат интернет, а 98,8 отсто од нив се вклучени на интернет секој ден или речиси секој ден, покажува најновиот извештај на Државниот […]

Агрегаторот Time.mk јасно ќе ги означи медиумите кои ги почитуваат професионалните и етички стандарди

април 16, 2021

Онлајн медиумите од Регистарот на професионални онлајн медиуми Промедиа.мк отсега ќе бидат јасно назначени на агрегаторот Time.mk (https://time.mk/blue). Ова е договорено помеѓу Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Time.mk. „Time.mk со овој пристап се придружува на напорите за саморегулација на двете новинарски организации во обид да […]

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и СЕММ ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите

март 5, 2021

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа Советот за етика во медиумите (СЕММ) во изготвувањето на Насоки за етичко известување на онлајн медиумите, кои денеска беа објавени во Скопје. Насоките изготвени по широка консултација со медиумската заедница во Северна Македонија, ќе помогнат во развојот на […]

Црната медиумска кампања на изборите се водеше на дел од онлајн медиумите и на социјалните мрежи

јули 20, 2020

Како во изборната кампања, така и за време на изборниот молк, дел од онлајн медиумите во земјава, како и одредени личности но и анонимуси на социјалните мрежи, ја одиграа нечистата пропагандна кампања за партиите на изминатите парламентарни избори. Ваквиот заклучок произлегува од констатациите изнесени во мониторингот на медиумите што го извршија мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и […]

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

јули 9, 2020

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да ги повикаат граѓаните да гласаат за нив и при тоа ни […]

Избрани дигитални алатки за справување со последиците од Ковид-19, една е за лажни вести

април 8, 2020

На јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19 избрани се 16 решенија. Повикот е спроведен во соработка со партнерите – Амбасадата на Швајцарија во земјава, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР чии претставници беа членови на Комисијата за евалуација и избор, информираат од Фондот за иновации […]

Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење

март 23, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потенцира дека Регистарот на професионални онлајн медиуми на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и ЗНМ е изработен на волонтерска основа и единствено служи за да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство во овој регистар. Од ЗНМ во нивното соопштение нагласуваат […]

ОБСЕ ја поздрави иницијативата за јакнење на медиумската саморегулација во државава

декември 19, 2019

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир ја изрази својата поддршка за Регистарот за саморегулација на онлајн медиумите во Македонија, промовиран во средата од страна на Советот за етика во медиумите, ЗНМ и Стопанската комора.  „Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот […]

ЗНМ и СЕММ утре ќе го промовираат регистарот на професионални онлајн медиуми

декември 17, 2019

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ќе информираат за резултатите од креирањето регистер на професионални онлајн медиуми, утре во Европската куќа во Скопје. Кон процесот за креирање на регистерот се приклучи и Стопанската комора на Македонија. „Постапката се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ […]

Новинарските здруженија подготвуваат Регистар на професионални онлајн медиуми

август 26, 2019

Здружението на новинарите на Македонија денеска потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Македонија. „Целта на потпишување на Меморандумот е да се направи значаен исчекор кон зголемување на професионалноста на онлајн медиумите“, велат од ЗНМ. Процесот кој ќе го водат ЗНМ, Советот за етика во медиумите на Македонија и Стопанската комора ќе резултира со […]

Етичките стандарди во новинарството најмногу се кршат во онлајн-медиумите

февруари 8, 2019

Показателите за бројот и видот на претставките упатени до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на минатата година покажуваат дека етичките и професионалните стандарди на новинарството најмногу се кршат од онлајн медиумите (76,5%), а потоа од телевизиите (17,6%), а од печатените весници и неделниците (4,4%), соопшти Советот. […]

Обвинувања за „грчки платеници“ во Албанија, новинарите демантираат

октомври 24, 2018

Неколку онлајн-медиуми предизвикаа контроверзи во Албанија, откако објавија список со наводни платеници кои добивале пари од грчката влада, главно за да се цензурираат и потиснуваат какви било пишувања за Чамите, односно етничките Албанци од северозападна Грција. Дел од прозваните, меѓу кои има и новинари и поранешни пратеници, веднаш ги демантираа ваквите тврдења, велејќи дека станува […]

Албанија почна со остварување на заканите против онлајн медиумите

октомври 15, 2018

Агенцијата за електронски и поштенски комуникации на Албанија (АКЕП) вчера им даде рок од три дена на вработените во 44 онлајн медиуми да извадат даночен број и да го објават на веб-страницата, што предизвика нов бран остри реакции од новинарската фела за притисок на власта врз медиумите. Наведените онлајн-медиуми се во најголем дел критичари на […]

Новинарските организации дефинираа критериуми за онлајн медиумите

октомври 10, 2018

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ), усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите. „ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на […]

Поповски до Десир и Која: Опозицијата ги блокира медиумските реформи

септември 18, 2018

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на вчерашната средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир и со новоименуваниот шеф на мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, се пожалил дека опозицијата со блокирањето на новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во собраниската процедура, ги […]

Младите се централен фокус на напорите за ширење на медиумската писменост

септември 14, 2018

Во проектите на Европската унија, кои се однесуваат на ширењето на критичкото мислење и медиумската писменост главните напори се насочени кон младите и начинот на кој тие ги восприемаат и користат вестите и информациите, пред сѐ, од интернет, како е доминантен дел од нивниот медиумски екосистем – Демократијата треба да овозможи длабоките несогласувања да бидат […]

СЕММ, ЗНМ и ССНМ бараат медиумите да работат професионално

јули 24, 2018

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), бараат медиумите да ги задоволат основните правила за професионална работа, вклучувајќи почитување на Кодексот на новинарите, транспарентност во сопственичката и уредувачка структура, како и прифаќање на саморегулацијата како единствен заштитник на медиумските […]

ЗНМ: Неодговорното однесување на некои судии е заобиколен обид за лиценцирање на медиуми и новинари

мај 8, 2018

Здружението на новинари на Македонија е незадоволно од начинот како Граѓанскиот суд во Скопје и Апелацискиот суд во Скопје го применуваат Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, рече денеска на прес-конференција претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој додаде дека „и покрај јасната одредба во законот, кој ја регулира одговорноста на електронските публикации, овие судови […]

УСАИД ќе подели седум милиони долари за медиумите на Балканот

јануари 30, 2018

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Сараево претстави програма за помош на медиумите на Балканот. Според српската „Б92“  фокусот на програмата ќе биде ставен на развој на онлајн медиумите во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово, а програмата во вредност од седум милиони долари ќе трае три години. Амбасадорката на САД […]

Страна 1 од 2