четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: евростат | 24 резултати

Евростат: 72 отсто од македонските граѓани се информираат од онлајн медиуми

24 август 2022

Мнозински 72 отсто од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години во 2021 година го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците, покажуваат податоците на Евростат. Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки на ЕУ. Притоа, најголеми корисници на онлајн медиумите во Европа имало […]

ЕУ знае колкави ѝ се емисиите на стакленички гасови за лани, Македонија има најнови податоци за 2019 година

14 август 2022

Во Европската Унија на квартално ниво редовно се објавуваат податоците за емисиите на стакленички гасови, кои предизвикуваат влијателни дебати меѓу државните раководства, невладините организации и граѓаните за создавање на нови, поцврсти и навремени мерки за намалување на влијанието на климатските промени. Во Македонија, последните податоци за емисиите на стакленички гасови на национално ниво се објавени […]

[Инфографик] Македонија втора во Европа по процентот на вработени во дејноста „комар и обложување“

21 јуни 2022

Земјава во 2019 година според процентот на вработени во дејностите коцкање и обложување од вкупниот број вработени, е на неславното второ место во Европа, веднаш зад Малта, со 1,31 отсто од вкупниот број вработени. Според податоците на Евростат, во споредбата со земјите членки на ЕУ, но и Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција и […]

Железницата исчезнува: Возовите со нов рекорд на најмалку превезени патници [инфографик]

5 април 2022

Патничкиот железнички сообраќај во Македонија и во 2021 година продолжил да руши неславни историски бројки според бројот на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, со возови лани патувале само 252.000 патници, што е помалку и од 2020 година и претставува убедливо најлош резултат во историјата на постоење на Македонските железници. Најеколошкото и […]

Возилата растечки предизвикувач на климатските промени, властите со мерки ќе мора да пресечат [инфографик]

24 јули 2021

Постојаното зголемување на бројот на возила на улиците, огромниот наплив на стари возила од странство, намалувањето на бројот на патници во јавниот превоз и на корисниците на велосипедот, како и неразвиената железница предизвикуваат Македонија да се соочува со проблеми со емисиите на стакленички гасови од транспортот. Наместо да се намалува испуштањето на штетните гасови кои […]

Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]

13 јули 2021

Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да […]

Колку повеќе трупаме отпад во природата, толку повеќе се оддалечуваме од ЕУ [инфографик]

31 мај 2021

Наместо да се приближува кон европските стандарди, С. Македонија од година во година сѐ повеќе заостанува зад земјите-членки на ЕУ во делот на управувањето со отпадот. Статистичките податоци покажуваат дека македонските граѓани и компании во континуитет го зголемуваат обемот на создаден комунален отпад, со којшто пак несоодветно се постапува од моментот кога ќе биде фрлено […]

Премалку селектираме отпад во земјава, затоа имаме преполни депонии и минорно рециклирање [инфографик]

29 април 2021

Селекцијата на отпадот што го создаваме во секојдневието е прашање на кое македонските граѓани придаваат многу мало значење. Со години наназад, статистичките податоци покажуваат дека измешаниот комунален отпад доминира во количеството што секојдневно го собираат јавните комунални претпријатија и другите субјекти овластени за управување и третман со отпадот. Од 2014 година до денес, период за […]

Маричиќ: Евростат потврди дека Законот за попис и методологијата се според европски стандарди

25 февруари 2021

Евростат потврдил дека Законот за попис и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји, соопшти денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. „По одговорот кој стигна од „Евростат“ се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за […]

Евростат: Ковид кризата „изеде“ 10 отсто од приходите на вработените во ЕУ, Хрватите се најголеми губитници

15 декември 2020

Пандемијата и затворањето на економиите доведоа до голем пораст на бројот на работници кои отсуствуваат од работа, работат скратено време или останаа без работа. Поради овие три причини, на ниво на Европска унија се намалени и приходите на вработените за околу 5 отсто, во однос на приходите остварени во 2019 година, а најлошо според истражувањето […]

Превозот на патници со меѓународни возови и годинава ќе руши неславен рекорд (инфографик)

4 август 2020

Неславен биланс на превезени патници во меѓународниот железнички сообраќај регистрирал Државниот завод за статистика. Во 2019 година биле превезени најмалку патници со воз кон странските дестинации во минатата деценија, а годинава за првпат во историјата е веројатно Македонија да нема ниту еден превезен патник со воз во меѓународниот железнички сообраќај поради затворените граници како резултат […]

Евростат: Македонија има 2.075.300 жители

27 јули 2018

Статистичката канцеларија на ЕУ, Евростат, соопшти дека според нејзиното истражување, Македонија во јануари 2018 година имала 2.075.300 жители, наспроти 2.073.700 во истиот период лани. Македонија не спровела попис на населението од 2001 година, а директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски неодамна најави дека новиот попис на населението ќе се спроведе за две години, […]

„Евростат“: Жените во ЕУ се 16 проценти послабо платени од мажите

8 март 2018

Статистичката служба на Европската Унија, „Евростат“ објави дека жените во Европската Унија во 2016 година, во просек, биле за 16,2 отсто послабо платени од мажите, односно во просек заработиле 84 евроценти од секое евро кое го заработил маж. Во цела ЕУ, разликите во платите се намалени малку и тоа во просек за 0,6 процентни поени, од […]

Бугарите и Хрватите со најслаба куповна моќ од граѓаните на земјите-членки на ЕУ

3 јануари 2018

Бугарите и Хрватите заостануваат по куповната моќ зад најголем дел од земјите-членки на Европска унија, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Евростат“. Хрватска е на претпоследно место според потрошувачката по глава на жител, кој сега изнесува 59 отсто од просекот во ЕУ. Според овој параметар, единствено послаба од Хрватска е Бугарија. Турција, во порастот на животниот […]

Платите во Европска Унија ќе се зголемат и до 500 евра во 2018 година

21 декември 2017

Платите и пензиите на работниците во земјите-членки на Европска Унија ќе бидат зголемени за 1,5 отсто, почнувајќи од 1 јули 2018 година, што значи дека месечната плата, може да биде зголемена и до 500 евра. Заводот за статистика на Европска Унија, „Евростат“ го пресмета зголемувањето на платите врз основа на платата на јавните службеници во земјите-членки на […]

Стапката на инфлација во еврозоната е највисока во последните три години

4 јануари 2017

Официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата во државите што припаѓаат на еврозоната, во декември се зголеми на највисоко ниво во последните три години, главно поради зголемување на трошоците за енергија. Европската статистичка агенција (Евростат) соопшти дека годишната стапка на инфлација се зголемила на 1,1 процент во декември од 0,6 отсто во ноември. Декемвриската стапка е највисока од септември […]

Евростат: Секој шести Европеец нема пари за забава

1 декември 2016

Повеќе од 10 проценти од државјаните на земјите членки на Европската Унија не можат да си дозволат излегување со пријателите или со семејството на пијалак или на вечера, додека секој шести граѓанин нема пари за забава, покажува истражувањето на статистичката служба на Европската Унија, Евростат. И покрај бавното, но континуирано закрепнување на економијата во ЕУ и намалувањето […]

Темпото на вработување во ЕУ забавува

29 август 2016

Во Европска Унија се забавува темпото на вработувања, така што статистиката покажува дека секој шести е невработен, во првите три месеци годинава. Работа пронашле 15,4 проценти од невработените, односно три милиони невработени, наведува Евростат. Со тоа, темпото на вработување било забавено во однос на четвртото тримесечје лани, кога работа успеале да пронајдат 18 проценти од […]

Евростат: Цената на струјата во Македонија за 55 отсто поевтина од европската

27 јуни 2016

Според статистичката служба на Европската Унија, Евростат, анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55 отсто поевтина отколку во европските земји, а во Србија за 47 отсто. Просечната цена на струјата во земјите од ЕУ изнесува 18,4 евра за 100 киловат-часови. Како што посочуваат […]

Половина од населението се соочува со ризик да стане сиромашно

12 февруари 2016

Речиси половина од македонските граѓани (43,2 проценти) се соочуваат со ризик да станат сиромашни, покажува најновиот извештај на статистичкото биро на Европската унија, Евростат. Со удел од 43,2 проценти, ризикот од сиромаштија и од социјална ексклузија во Македонија е поголем од сите други држави во Европа. Во Европа, 24,4 проценти од популацијата, односно 122,3 милиони […]

Страна 1 од 1