fbpx

Зеленски нема купено две јахти вредни 75 милиони долари

Џејн Адлингтон Брумер, генерален секретар на MYBA за Асошиејтед Прес вели дека документите се верзии од меморандум постар од 2012 година кој веќе не е застапуван од MYBA. Таа додава дека MYBA не одобрува продажба на јахти

-

Двете јахти за кои се вели дека ги купил претседателот на Украина, Володимир Зеленски и тоа преку блиски соработници како посредници, всушност не се продадени, а документите кои се презентирани како да се оригинали се од организација која воопшто не сертифицира продажба на јахти. Компаниите кои ги продаваат овие две јахти, за странски проверувачи на факти потврдиле дека двете јахти уште се на продажба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и се вели:

Слава Украини? Зеленски си купил две јахти поскапи од 75 милиони долари.

Во видеото се тврди дека „украинскиот претседател Володимир Зеленски преку посредници купил две јахти вредни 75 милиони долари“, како и тоа  дека јахтите се викаат „Lucky me“ и „My legacy“ и чинат 25 милиони и 49 милиони евра.

Тука ли ќе ги помине деновите во егзил Зеленски? Американците плаќаат за овој луксуз, вели водителот на видеото.

Но, како што пишуваат проверувачите на факти на „Асошиејтед Прес“, компаниите кои ги продаваат овие две јахти, потврдиле за редакцијата дека двете јахти уште се на продажба.

Бургес може да потврди дека My legacy во моментот е на продажба, а Бургес како ексклузивна брокерска куќа ја застапува продажбата. Може да потврдиме дека јахтата не е продадена и останува на продажба, изјави за „Асошиејтед Прес“ Ници Перидес, портпарол за компанијата за продажба на луксузни јахти

„Бене Мар“, друга компанија за продажба на луксузни јахти, исто така истакна дека:

Тврдењата за Лаки Ми јахтата се комплетно невистинити, и во соопштение посочи дека „јахтата не е продадена и уште е на продажба со Бене Мар, како ексклузивна компанија што ја застапува продажбата.

Според „Асошиејтед прес“, наводните документи (бланко верзии од нив се достапни на овој линк) за продажбата презентирани во видеото од објавата што ја рецензираме, се од „Меморандум за спогодба одобрен од Асоцијацијата на брокери на медитерански јахти“. Групацијата го сменила името во „MYBA The Worldwide Yachting Association“ уште во 2008 година. Дополнително, сега групацијата користи и друго лого, а не она презентирано во документите.

Еден од наводните меморандуми го посочува Борис Шефир како купувач на јахтата „Лаки Ми“ на 18 октомври за 24 милиони долари, кој претходно има работено со Зеленски за неговата продукциска компанија Квартал 95. Другиот документ нотира дека „Мај Легаси“ е продаденa една недела подоцна за 49 милиони долари на братот на Шефир, Сергеј кој исто така работел во продукциската куќа на Зеленски порано, а сега му е политички помошник.

Џејн Адлингтон Брумер, генерален секретар на MYBA за Асошиејтед Прес вели дека документите се верзии од меморандум постар од 2012 година кој веќе не е застапуван од MYBA. Таа додава дека MYBA не одобрува продажба на јахти.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не е точно дека Зеленски купил две јахти преку посредници вредни 75 милиони долари, јахтите сè уште се на продажба.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...