fbpx
Таг: Грција

таг: Грција

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ. Тој упати, како што рече, предупредување до новата македонска влада да ја смени линијата. Во спротивно, рече оти е сигурно дека непочитувањето на Преспанскиот...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на нејзината земја. Церемонијата на полагање на нејзината заклетва предизвика бурни реакции во Атина, Брисел и многу други европски метрополи. Не затоа што таа е првата жена претседател на земјата, не се...

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју со грчката телевизија „Скај“ изјави дека непочитувањето на сите одредби на Преспанскиот договор може да има последици врз билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, но и дека може да влијае на патот на Скопје кон Европската Унија. Оваа изјава на Мицотакис како реакција на тоа што претседателката Гордана Силјановска Давкова не го употреби...

МНР: Избраните функционери да го почитуваат договорот од Преспа

Министерството за надворешни работи (MНР) ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа. Ова е наведено во соопштението испратено од МНР, во кое повикуваат на внимателност од...

Сиљановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име

Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на Собранието Јован Митрески, ја читаше заклетвата што требаше да ја повтори претседателката Силјановска Давкова, таа ги пропушти зборовите Република Северна, и наместо тоа, рече само Македонија. Со тоа, новата претседателка предизвика...

Бесплатен одмор во Грција за туристите кои го напуштија Родос поради шумските пожари минатата година

Девет месеци откако шумските пожари го опустошија Родос, Грција почнува со првите „бесплатни“ одмори за илјадници туристи кои беа принудени да го напуштат островот минатата година, објави Гардијан. Со одлуката што грчките туристички власти ја нарекуваат прва на светско ниво, од оваа недела, до 25.000 туристи ќе имаат право на компензација. Според програмата, луѓето кои престојувале во хотелите што биле евакуирани...

Вечерва почнува 4. издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје

Со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос (краток филм) и црната комедија „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос, вечерва, 7 април, во Кинотека свечено ќе биде отворено 4.издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје. Филмот на Јоргос Геогопулос, ја раскажува приказната на Арис кому сè му...

Грчки „Катимерини“: Преспанскиот договор оспорен во предизборната дебата во Северна Македонија

Изборната кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори во државата предизвика интерес и во грчката јавност, најмногу поради изјавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, околу Преспанскиот договор и името на земјата. Онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија изјави оти, доколку биде избран за пример, тој ќе ја нарекува...

Грчките цариници во штрајк, премините Богородица, Дојран и Меџитлија во прекин

Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, почувајќи од утре на полноќ, па до полноќ во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, соопшти Царинската управа. „На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија - Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај...

Грчката православна црква повикува на екскомуникација на пратеници кои гласале за истополов брак

Легализацијата на истополовиот брак во Грција продолжува да предизвикува строги реакции од Грчката православна црква, која апелира да се екскомуницираат пратениците на грчкиот парламент кои ја изгласале легислативата, пренесува Гардијан. Од црквата велат дека пратениците направиле „врвна духовна и морална грешка“ со тоа што го изгласале законот за истополов брак, кој исто така им го даде правото на посвојување на...

Лажна вест со злоупотребено лого на Канал 5 телевизија, се споделува како вистинска

Канал 5 не објавиле вест дека Грција бара од С. Македонија да ја смени бојата на пасошите од црвена во сина. Станува збор за измислена вест. Такво барање досега од грчка страна немало. Веста за која се тврди дека ја објавила Канал 5 телевизија не може да се најде никаде. Таа наликува на сатирична вест, но истото никаде не...

Грција стана првата православна земја што ги легализира истополовите бракови

Грција стана првата православна земја во светот што легализира истополови бракови откако парламентот во Атина вчера ја усвои оваа значајна реформа. Во редок приказ на парламентарен консензус, 176 пратеници од целиот политички спектар гласаа за законот. Реформата ја отрфлија 76 пратеници, додека двајца беа воздржани од гласање, а 46 не беа присутни, пренесува Гардијан. Реформата немаше да помине без поддршката на...

Контраспин: Спорот помеѓу Словенија и Хрватска нема врска со проблемите меѓу Бугарија и С. Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски ја извртува вистината т.е. спинува кога вели дека неговата партија може да понуди европски модел за решение на проблемите помеѓу Скопје и Софија по примерот на спорот помеѓу Словенија и Хрватска, кој бил разрешен со помош на Брисел. Едниот тип проблеми, оние помеѓу Скопје и Софија воопшто немаат допирни точки со другиот тип проблеми...

Проверувачите на факти од „Ellinika Hoaxes“ го добија спорот со Грчката асоцијација на физичари

Организацијата за проверка на факти „Ellinika Hoaxes“, од соседна Грција, го доби долгогодишниот спор со Грчката асоцијација на физичари. Со одлука на апелациониот суд по вторпат се отфрла тужбата за морална штета, неовластена обработка на лични податоци и клевета. Во 2019 година Грчката асоцијација на физичари го започна спорот заради две анализи на „Ellinika Hoaxes“, барајќи 700 илјади евра отштета....

Студенти во Грција протестираа против отворање на приватни универзитети

Илјадници грчки студенти и поддржувачи вчера учествуваа на протест во центарот на Атина, противејќи се на плановите на конзервативната влада на Грција да овозможи формирање на приватни универзитети, јави Асошиејтед Прес. Демонстрантите, извикувајќи „Студентите, обединети, ќе победат“ поминаа покрај главната зграда на Универзитетот на Атина додека маршираа низ центарот на грчкиот главен град до парламентот. На почетокот од годинава, десничарската влада...

Грција на пат кон воведување гласање на дијаспората на парламентарните и европските избори

Министерката за внатрешни работи на Грција, Ники Керамеус, поднесе предлог за амандман на законот за гласање преку пошта со кој се предвидува Грците надвор од границите на земјата да гласаат на изборите за националниот и за Европскиот парламент, јави грчки „Екатимерини“. Тоа практично значи дека ако се изгласа во грчкиот парламент, и Грците од дијаспората ќе може да гласаат на...

Климатските промени ќе ја чинат Грција две милијарди евра годишно

Трошоците од климатските промени за Грција до крајот на веков се проценуваат на 2,2 милијарди годишно, односно околу 1 отсто од сегашната вредност на БДП на Грција, пишува грчки „Екатимерини“, цитирајќи го извештајот на Банката на Грција и нејзиниот гувернер Јанис Стурнарас, за еколошките, економските и социјалните ефекти од климатските промени. Во извештајот е вклучена и штетата од шумски пожари,...

Рама за блокадата од Грција: Билатерален проблем не треба да се фрла на бриселска маса

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Грција се однесува неевропски во однос на нејзината позиција да го блокира почетокот на преговорите за членство на Албанија во Европската Унија, условувајќи го со случајот Белери, пренесува Косова Прес. Рама на прес-конференција рече дека прашањето за Фреди Белери е проблем меѓу Албанија и Грција и нема причина да се префрла на бриселската...

Со фотографија стара 15 години, со која се известувало за спорот со името, се билда „руска наклонетост”

Фотографијата од објавата што ја рецензираме во 2007 година е употребена во руските медиуми и тоа во контекст на известувањето за спорот за името кој тогаш го имаа Македонија и Грција. Деловите на картата од објавата коишто се во Грција, а се означени како Западна Македонија, Источна Македонија и Централна Македонија, всушност, го претставуваат начинот на кој Грција ги...

Грција со вето за Албанија за преговорите во ЕУ поради градоначалникот на Химара

Грција нема да даде согласност за следната фаза на пристапните преговори за ЕУ на Албанија, ако нема напредок по прашањето за избор на градоначалникпт на Химара, Фреди Белери, потврди грчки дипломат во Брисел, а пренесе агенцијата АНА-МПА. Согласно истите извори, ставот на Грција е јасен. Грција се согласила на испраќање писмо на ЕУ до Тирана, што е прв чекор во...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...