fbpx

Рама за блокадата од Грција: Билатерален проблем не треба да се фрла на бриселска маса

Атина создава пречка која не само што не е европска туку го истакнува балканскиот менталитет. Албанија не гледа дека членството во ЕУ е поврзано со нивото на односите со Грција, рече Рама на денешниот Самит на ЕУ

-

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Грција се однесува неевропски во однос на нејзината позиција да го блокира почетокот на преговорите за членство на Албанија во Европската Унија, условувајќи го со случајот Белери, пренесува Косова Прес.

Рама на прес-конференција рече дека прашањето за Фреди Белери е проблем меѓу Албанија и Грција и нема причина да се префрла на бриселската маса.

„Билатералните прашања мора да се решат меѓу две земји и неразбирливо и неразумно е во интегративен процес каде што една земја влегува во преговори и влегува во завршна фаза на европска државотворност, да се попречува или да се одложува бидејќи има билатерално прашање“, рече Рама.

Според него, Атина создава пречка која не само што не е европска туку го истакнува балканскиот менталитет. Притоа подвлече дека Албанија не гледа дека членството во ЕУ е поврзано со нивото на односите со Грција.

„Ние сакаме да бидеме европска земја на Балканот, а не балканска држава во ЕУ“, рече Рама.

На Самитот на ЕУ, Грција се закани со 37 вета кон Албанија, односно вето за секое поглавје од пристапниот процес.

Освен случајот со 52-годишниот Белерис, градоначалникот со грчко потекло кој беше уапсен под обвинение дека купувал гласови и досега сите негови барања за ослободување се одбиени, зад случајот, според анализа на Дојче Веле се и веројатно е борбата за 4.000 недвижнини на живописното јадранско крајбрежје на Албанија и потенцијалот на Химара како туристичко место. Недвижнините припаѓаат на Грци, меѓутоа тие тешко можат да инвестираат во нив без дозвола од национално тело на чие чело стои Рама.

Официјална Атина, пак, изрази цврста поддршка на Грција за ЕУ перспективата на Западен Балкан, но, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринкис случајот Белерис „не е билатерално прашање меѓу Грција и Албанија, туку е прашање на владеењето на правото“.

Со блокада од страна на Унгарија на Самитот на ЕУ се соочува и Украина. Пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел унгарскиот премиер Виктор Орбан уште еднаш кажа категорично „не“ за почеток на преговори со Украина и „не“ за нови средства за Киев од европскиот буџет. Според него Украина, не ги исполнува критериумите „засновани на заслуги“ за влез во ЕУ и за ова прашање смета дека воопшто не треба да се разговара.

„Проширувањето не е теоретско прашање. Проширувањето е процес заснован на заслуги, законски детален процес, кој има предуслови. Поставивме седум предуслови. Дури и по проценките од Комисијата, три од нив не се исполнети. Затоа нема причина да се преговара за членство на Украина сега. Дури и да не се преговара“, изјави Орбан.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, пак, Жосеп Борел, изјави дека ЕУ мора да ја поддржи Украина колку што е можно и посочи дека тоа е егзистенцијално прашање за Европа.

„Проширувањето е најважната надворешна политика. Проширувањето е најсилниот капацитет за стабилност што го имаме, не само кога станува збор за Украина, туку и за земјите-кандидати на Балканот и затоа е важно да се донесат правилни одлуки на денешниот самит“, изјави Борел.

Орбан ќе го блокира предлогот за почеток на преговори на Украина со ЕУ

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...