fbpx
Таг: Газа

таг: Газа

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени, но, според британската хуманитарна организација „Набљудување на сириски човекови права“, има најмалку 40 жртви. Хезболах вели дека најмалку 36 сириски војници и шест членови на Хезболах се убиени. Групата тврди дека...

Британски пратеници бараат да запре продажбата на оружја на Израел

Над сто пратеници од парламентот на Велика Британија, заедно со уште 27 британски политичари, се потпишаа на писмо до државниот секретар Дејвид Камерон, во кое се бара Обединетото Кралство да престане да продава оружје на Израел, пренесува Гардијан. Во писмото стои дека е неприфатливо продажбата на оружја на Израел да продолжи како што досега. Се истакнува дека неодамнешна истрага на...

Се изгласа резолуција за итно примирје во Газа во ОН, САД воздржани

Во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) се изгласа резолуција за итно примирје во Газа, пренесува Би-би-си. Во резолуцијата се бара Хамас веднаш да ги ослободи заложниците кои ги заробија за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Русија и Кина во петокот поставија вето на резолуција напишана од САД. Руски претставник во ОН изјави оти таа...

Во ОН ќе се гласа за нова резолуција за примирје во Газа, откако Русија и Кина ставија вето

Денес ќе се гласа за нова резолуција во за примирје во Газа во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), откако во петокот Русија и Кина ставија вето на нацрт-резолуција поднесена од Соединетите Американски Држави со која се бараше „итно примирје“, пренесува Гардијан. Руски претставник во ОН изјави оти резолуцијата, наводно, не била доволно строга во своите барања за да...

Во офанзивата врз Газа досега се убиени повеќе од 32.000 Палестинци

Вкупно 32.226 Палестинци се убиени, а 74.518 се повредени од почетокот на израелската воена офанзива врз Газа на 7 октомври, според последниот извештај на Министерството за здравство на Газа, пренесува „Гардијан“. Во изминатите 24 часа загинале 84 Палестинци, а 106 биле повредени, се додава во соопштението на Министерството. Медиумите управувани од Хамас соопштија дека 19 Палестинци биле убиени во градот Газа...

Израел соопшти дека 170 вооружени напаѓачи од Газа биле убиени при рација на болница

Над 170 вооружени лица се убиени за време на продолжената операција во главната болница во Газа, открија денес израелските сили. Сепак, според претставниците на Хамас, починатите лица идентификувани во израелските извештаи не биле борци, туку пациенти и раселени лица. Хамас го осудува Израел за наводни воени злосторства. Во попладневните часови во понеделникот, израелските војници влегле во болницата Ал-Шифа во градот Газа...

САД предложи нацрт-резолуција во ОН за примирје во Газа

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД поднела нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за примирје во Газа, пренесува Гардијан. Блинкен вели оти резолуцијата бара „итен прекин на огнот“ и дека е врзана со ослободувањето на заложниците заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Блинкен ја информираше јавноста за резолуцијата...

Израелска рација во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација утрово во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во појасот Газа, во северниот главен град Газа, пренесува Гардијан. Според ИДФ, Хамас ги користи зградите на болницата како засолниште. ИДФ ги предупреди граѓаните во близината на болницата да се евакуираат во градот Ал-Муваси, 30 километри јужно од болницата. Во рок од неколку часа од почетокот на рацијата,...

ЕП усвои резолуција за Газа, бара од Израел веднаш да дозволи испорака на помош

Европскиот парламент усвои резолуција за Газа во која изразува длабока загриженост за катастрофалната ситуација во Палестинa, вклучително и непосредниот ризик од глад, и го повикa Израел веднаш да дозволи целосен и непречен пристап до хуманитарна помош до територијатa, пренесуваат светските агенции. Во резолуцијата, 372 пратеници глазаа „за“, 44 „против“, а 120 беа воздржани. Пратениците го повикуваат Израел „веднаш да дозволи...

Во пресрет на Рамазан, Шолц повика на траен прекин на огнот во Газа

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на прекин на огнот во Појасот Газа, „по можност веќе за време на Рамазан“. Тој вчеравечер преку видео порака рече дека примирјето треба да обезбеди ослободување на израелските заложници и поголема хуманитарна помош за Палестинците, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Убеден сум дека мнозинството Израелци и Палестинци сакаат мир“, рече Шолц. Тој рече дека е вознемирен...

Брод со хуманитарна помош за Газа ќе исплови од Кипар овој викенд

Шпански брод ќе да достави хуманитарна помош во Газа овој викенд, каде четвртина од населението е на раб на глад, пренесува Би-би-си. Брод, наречен „Отворени раце“ по истоимената добротворна организација, ќе тргне од Кипар, најблиската држава во Европската Унија (ЕУ) до Газа. Тој ќе носи 200 тонови храна, донација од американската добротворна организација „Светска централна кујна“. Последната милја од патувањето се...

Пакети воздушна хуманитарна помош убија пет лица во Газа, не се отворил падобранот

Падот на хуманитарна помош која била доставена во Газа по воздушен пат и чиј падобран неуспешно се отворил резултираше со пет загинати и 10 повредени лица, пренесува Гардијан. Очевидци близу кампот за бегалци Ал-Шати во северот на Газа велат дека виделе како палета која била поврзана за падобран  паднала на група мажи, тинејџери и помали деца кои се надевале да...

Бајден: Чекаме на Хамас за финализирање на договорот за примирје

Неофицијалниот рок за финализирање на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас се наближува, а преговорите не одат глатко. Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави оти топката е кај движењето Хамас, кое се очекува да донесе одлука до понеделник, почетокот на Рамазан, пренесува Гардијан. Од Хамас, пак, велат дека топката е на израелската и американската страна и дека израелскиот премиер...

Камала Харис апелира за итно примирје во Газа, го критикува Израел за негување „хуманитарна катастрофа“

Потпретседателка на САД Камала Харис апелираше за итно примирје во Газа и притоа излезе со една од најострите критики за Израел досега изјавена од политички лидер во САД, пренесува Гардијан. Харис го критикуваше Израел што не оневозможува да се достави хуманитарна помош во Газа. „Израелската влада мора да делува повеќе за да се зголеми протокот на хуманитарна помош, нема изговори. Таа...

Бајден се надева на договор до почетокот на Рамазан за прекин на огнот меѓу Израел и Газа

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева дека ќе се постигне договор за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа до почетокот на Рамазан. Муслиманскиот свет месец, во текот на кој припадниците на верата постат од утро до зајдисонце, ќе започне на 10 или 11 Март. Бајден информира дека сè уште се работи напорно за постигнување на...

Повеќе од 30.000 починати во Газа, најголем дел се жени и деца

Повеќе од 30.000 Палестинци се убиени во Газа од 7 октомври до денес, според податоците на Министерството за здравство на Хамас, а најголем број од починатите се жени и деца, соопшти Би-би-си. Во дневниот билтен, Министерството соопшти дека во последните 24 часа биле убиени 81 луѓе, со што вкупниот број достигна 30.035 жртви. Реалниот број на загинати најверојатно ќе биде многу...

Бројот на убиени во Газа надмина 30 илјади

Бројот на убиени при израелската офанзива во Газа, која започна на 7 октомври, денес надмина 30 илјади, односно 1,3 отсто од 2,3 милиони Палестинци во Газа, соопшти министерството за здравство на Газа. Повеќе од 70 илјади луѓе се водат како повредени, пренесува Би-би-си. Според министерството за здравство, повеќето жртви се жени и деца. Иако министерството е водено од Хамас, независни...

Деца во Газа бараат храна за своите семејства, нема доволно хуманитарна помош

Жителите на Газа се соочуваат со застрашувачки недостиг на храна. Според Обединетите нации, не пристигнува доволно хуманитарна помош и нема соодветна заштита на камионите кои ја носат хуманитарната помош, кои често се ограбуваат. Дополнително, поради колапсот на здравствените инфраструктури и несоодветните живеалишта во кои живеат жителите на Палестина, се шират многу болести во појасот, како хепатит А. Би-би-си ги следеше активностите...

Израелскиот воен кабинет наводно одобрил испраќање преговарачи во Катар на разговори за примирје

Шефот на израелската прекуокеанска разузнавачка служба Мосад и неговиот колега од домашната безбедносна служба Шин Бет, се сретнаа со посредници од САД, Египет и Катар, на тајни разгивори во Париз, соопшти Гардијан.  Агенцијата Франс прес објави дека советникот за национална безбедност Цачи Ханегби во телевизиско интервју вчера изјавил дека делегацијата е вратена од Париз и најверојатно има простор да се придвижи...

Светската здравствена организација не убива деца во Газа

Не е вистина дека Светската здравствена организација убива деца во Газа, туку претставници на СЗО постојано носат медицинска и немедицинска помош во Газа поради очајните услови за лекување и разрушените болници од бомбардирањата. СЗО собира донации за Газа и постојано повикува за прекин на огнот. СЗО има свои луѓе на терен кои го информираат светот за ужасите на војната...