fbpx

Деца во Газа бараат храна за своите семејства, нема доволно хуманитарна помош

Според Обединетите нации, не пристигнува доволно хуманитарна помош и нема соодветна заштита на камионите кои ја носат хуманитарната помош, кои често се ограбуваат

-

Жителите на Газа се соочуваат со застрашувачки недостиг на храна. Според Обединетите нации, не пристигнува доволно хуманитарна помош и нема соодветна заштита на камионите кои ја носат хуманитарната помош, кои често се ограбуваат.

Дополнително, поради колапсот на здравствените инфраструктури и несоодветните живеалишта во кои живеат жителите на Палестина, се шират многу болести во појасот, како хепатит А.

Би-би-си ги следеше активностите на 11-годишниот Мохамед Зораб, кој секој ден се соочува со неблагодарната задача да бара храна низ јужниот град Рафах за своето семејство кое живее во импровизирано засолниште од пластика и церада.

Мохамед, најстар од четирите деца, секое утро ги шета улиците на Рафах, одејќи од камп до камп и болница во болница, или „секаде каде има тенџере со врела вода“.

Мајка му на Мохамед, Самар, изгледа многу слабо и едвај јаде.

„Имам рак на коска. Имам 31 година, а изгледам како да имам 60. Не можам да одам, премногу се заморувам. Цело тело ме боли и ми треба добра исхрана и медицинска нега“, вели Самар.

Таткото на Мохамед, пак, се обидува да најде каква било работа низ Рафах, за да може да купи пелени за своето двомесечно бебе.

„Кога има преголеми редици за храна, се пикам меѓу луѓето“, вели Мохамед, горд на тоа што умее да навигира низ големи толпи луѓе без да влезе во конфликт.

Семејството Зораб живее во константен страв од израелска офанзива на Израел во Рафах, градот во кој моментално живеат 1,5 милиони Палестинци, или 85 отсто од населението на Газа. Семејството Зораб се пресели во Рафах, бидејќи беше назначено како безбедно место од Израел.

Израелските сили тврдат дека битка во Рафах е клучна за погубување на Хамас. Многу земји, вклучувајќи ги и САД, најверниот сојузник на Израел, соопштија оти не би го поддржале овој напад поради неговиот потенцијал за хуманитарна катастрофа.

Преговори за примирје и размени на заложници и затвореници продолжуваат во Париз. Од Израел, Катар, Египет и САД велат дека „основната рамка“ на договорот е установена и би вклучувале шестнеделна пауза на воените активности на Израел во Газа и размена на затвореници.

Сепак, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави оти не е јасно дали ќе се стигне до договор во преговорите, велејќи дека барањата на Хамас се „на друга планета“. Претставник од Хамас вели дека овие коментари на Нетанјаху покажуваат оти израелскиот премиер не е вистински заинтересиран за примирје.

Израелската воена стратегија предизвика и протести во Израел, каде демонстранти влегоа во судир со полицијата, барајќи оставка од израелскиот премиер. Се забележа и силен индивидуален протест во САД, каде американски војник се самозапали пред израелската амбасада, велејќи дека веќе не може да поднесе да поддржи геноцид.

Од почетокот на офанзивата на Израел во Газа во октомври досега се убеини 29.692 луѓе и се очекува таа бројка да стигне до 30.000 во текот на оваа недела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...