fbpx
Таг: Газа

таг: Газа

Пет лица загинаа во нивниот дом во Рафах, интензивното бомбардирање продолжува

Пет лица се убиени кога дом во Рафах бил мета за време на „интензивно бомбардирање низ градот Рафах“, јави новинарот на Ал Џезира, Хани Махмуд, а пренесе „Гардијан“. Махмуд во четвртокот соопшти дека бомбардирањето се проширило во раните утрински часови и дека „гласни експлозии може да се слушнат од северниот дел на градот“ и дека звукот доаѓа од „систематското уривање...

Палестинскиот министер во Хаг го обвини Израел за колонијализам

Палестинскиот министер за надворешни работи го обвини Израел за „колонијализам и апартхејд“ на сослушувањето пред Хашкиот суд за израелската окупација на палестинските земји од 1967 година, пренесува Гардијан. „Повеќе од еден век, неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување е прекршувано. Палестина не беше земја без луѓе. Не било како што го опишаа израелските лидери, пустош. Имаше живот на оваа...

ОН: Израелскиот напад во Рафах може да доведе до „масакр“

Израел беше остро критикуван од неколку страни, меѓу кои Обединетите нации, Обединетото Кралство и САД, за воздушните напади во градот Рафах, град со површина од 64 квадратни километри, во кој моментално се сместени 1,5 милиони Палестинци, односно речиси целото население на Газа, пренесува Би-би-си. Дипломатот Мартин Грифитс од Обединетите нации (ОН) предупреди дека проширување на досегашната офанзива во Рафах би...

Израел спаси двајца заложници, а усмрти 67 Палестинци

Израелското проширување на својата воена офанзива во Газа во градот Рафах резултираше со успешно ослободување на двајца од заложниците заробени од Хамас, но и со смрт на околу 67 Палестинци, јавува Би-Би-Си. Двајцата заложници, кои биле заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, се наоѓале во стан во станбена зграда во градот Рафах. Специјални...

Османи: Ако се прошири војната кон Рафах, ќе дојде до хуманитарна катастрофа

Длабоко сум загрижен за предвиденото проширување на воената операција кон пограничниот град Рафах, каде што засолниште нашле над 1,3 милиони граѓани на Газа, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека ова може да доведе до хуманитарна катастрофа, со оглед на фактот дека поради затворената граница со Египет е невозможно да се придвижи понатаму...

Секој граѓанин во Газа е гладен, од очај се јаде трева

Хуманитарната организација „Екшн ејд Палестина“ предупредува дека нивото на глад во Газа е загрижувачки високо, велејќи дека секој човек во Газа е гладен. Дополнително, Палестинците во појасот имаат пристап до само 1,5 до 2 литра нечиста вода дневно, пренесува Гардијан. „Луѓето сега се толку очајни и гладни што јадат трева. Истовремено, инфекциите и болестите неконтролирано се шират. Единственото нешто што...

САД со прецизен напад уби лидер на терористичка група поврзана со Иран во Багдад

Прецизен воздушен напад со дрон лансиран од САД во Багдад резултираше со смрт на три члена на Катаиб Хезболах, ирачка исламистичка група поддржана од Иран, известува Би-би-си. Еден од убиените бил Абу Бакир ал-Саади, висок раководител во групата. Според Пентагон, Ал-Саади бил бил вклучен во планирањето на нападите врз американска база во Јордан на 28 јануари, кои резултираа со смртта...

Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги одби условите за примирје поставени од Хамас, нарекувајќи ги нивните барања „бизарни“, известува Би-би-си. Според него, може да се очекува победа за Израел во текот на следните месеци. „Ако Хамас преживее во Газа, ќе биде прашање на време кога ќе се случи следниот масакр. Не постои друго решение освен целосна и конечна победа“, изјавил...

Хамас одговори на договорот за примирје од Израел

Хамас одговори на договорот за примирје, кој беше подготвен по преговори меѓу Израел, САД, Египет и Катар. Премиерот на Катар изјавил оти одговорот на Хамас генерално бил „позитивен“, известува Би-би-си. Деталите на договорот сè уште не се јавни, но претходно медиумите добија информации дека станува збор за шестнеделно примирје, кое би вклучувало размена на палестински затвореници во Израел и заложници...

САД лансира дополнителни напади врз Јемен

САД лансираше нови воздушни напади врз Јемен. Беа таргетирани воени цели поврзани со Хути, воената организација која го контролира поголемиот дел од Јемен, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Овие напади доаѓаат само неколку дена по масовните напади на САД и Обединетото Кралство врз Јемен во саботата. Од Обединетото Кралство тврдат дека нападите биле чин на самоодбрана, со цел спречување на нападите...

САД и Велика Британија ги нападнаа позициите на Хутите во Јемен

САД и Велика Британија извршија нови напади врз позициите под контрола на Хутите во Јемен, група поврзана со Иран, која ги таргетира американските и израелските интереси во знак на солидарност со Палестинците. Покрај нападите во саботата, Централната команда на САД исто така погоди и противбродска ракета на Хутите која беше подготвена да се лансира против бродовите во Црвеното Море. Нападите...

Израел ја проширува офанзивата во Рафах, дом на преку милион раселени Палестинци

Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант соопшти на Х (поранешно Твитер) дека офанзивата на Израел ќе продолжи во градот Рафах, кој се наоѓа на границата со Египет, пренесува Гардијан. Изминатите недели најголемите борби беа во градот Хан Јунис. Според Галант, главните структури на Хамас во Хан Јунис се погубени. Галант најави дека откако целосно ќе се заврши операцијата во...

Израелски војници маскирани како медицински лица убиле тројца Палестинци во болница на Западниот Брег

Вооружени израелски сили, маскирани како жени и медицински лица, влегле во болницата „Ибн Сина“ во градот Џенин во окупираниот Западен Брег. За време на рацијата, израелските војници убиле тројца Палестинци. Израелските сили тврдат дека убиените биле борци кои пренесувале оружја и ја користеле болницата како засолниште, пренесува Гардијан. Дополнително, израелските сили тврдат дека еден од убиените планирал да изврши напад...

Напад во Јордан усмрти тројца американски војници, САД ветува одговор

Воздушен напад врз американска воена база на границата меѓу Сирија и Јордан резултираше со тројца загинати американски војници и 34 повредени, пренесува Гардијан. Групата Исламски отпор изјави дека тие стоеле зад нападот. Станува збор за организација поддржана од Иран. САД исто така го обвинува Иран, предупредувајќи дека ќе има соодветен воен одговор за нападот. „Ние ќе продолжиме посветено да се бориме...

Агенцијата на ОН отпушти дел од персоналот поради сомнеж за учество во нападот во Израел

Агенцијата на Обединетите нации за помош која работи во Газа вчера соопшти дека Израел обвинува дека дел од нивниот персонал бил вмешан во нападите на 7 октомври и дека нивните договори итно ќе бидат раскинати. Генералниот комесар на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации (UNWRA), Филип Лазарини, изјави дека израелските власти и дале на агенцијата „информации“ во кои...

Меѓународниот суд на правдата нареди прекин на геноцидот во Газа

Меѓународниот суд на правдата (МСП) му нареди на Израел да го прекине геноцидот во Газа, при што судијката Доногју рече дека Израел мора да ги „преземе сите мерки во своја моќ“ за спречување дејствија во рамките на Конвенцијата за геноцид, соопшти Гардијан. Таа додаде и дека мора да се преземат итни мерки за подобрување на хуманитарната ситуација во Газа, а...

Израелски демонстранти блокираат хуманитарна помош во Газа

Стотици израелски демонстранти го блокираа патот на камиони кои носеле хуманитарна помош до Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Некои од камионите имале египетски знамиња, а демонстранти вееле израелски знамиња и скандирале против владините мерки за внесување помош во Газа. Само девет од 114 камиони го поминале граничниот премин Керем Шалом. Некои се пренaсочиле и влегле преку египетскиот премин Рафах, но...

Израел и Хамас договораат примирје

Израел и Хамас наводно преговараат околу 30-дневно примирје, кое би вклучувало размена на затвореници, велат извори за Ројтерс. Ова би било второто примирје од почетокот на војната во Газа. Првото примирје меѓу Изарел и Хамас се случи претходната година и траеше од 23 до 30 ноември. Тогаш Израел ослободи 150 палестински затвореници, а Хамас ослободи 50 од заложниците кои ги...

Најсмртоносен ден за израелската армија во Газа – убиени 21 војник

Израелската војска објави дека 21 нејзин војник загинале во Газа, што е најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивните копнени операции, јавува Би-Би-Си. Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека веројатно ракетна граната погодила резервоар во близина на двете згради во кои се наоѓале војниците. Војниците, како што се наведува, поставувале експлозив во зградите за да ги урнат,...

Евакуирани и последните македонски граѓани од Газа – мајка со две деца

Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца македонски граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани, соопшти Министерството за надворешни работи. „Со ова се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им...