САД и Велика Британија ги нападнаа позициите на Хутите во Јемен

Палестинската новинска агенција Вафа објави дека најмалку две деца се убиени во израелски напад врз градинка во Рафах

-

САД и Велика Британија извршија нови напади врз позициите под контрола на Хутите во Јемен, група поврзана со Иран, која ги таргетира американските и израелските интереси во знак на солидарност со Палестинците.

Покрај нападите во саботата, Централната команда на САД исто така погоди и противбродска ракета на Хутите која беше подготвена да се лансира против бродовите во Црвеното Море. Нападите на Хутите врз бродови поврзани со Израел во теснецот Баб ал-Мандеб во Црвеното Море ја нарушија глобалната трговија, предизвикувајќи ги САД и Велика Британија на одговор.

Од средината на ноември, Хутите вршат напади со беспилотни летала врз комерцијални бродови поврзани со Израел и воени бродови на САД и Велика Британија, а целта која ја наведуваат е запирање на разорната војна во Газа. Хутите, исто така, побараа Израел да дозволи испорака на хуманитарна помош во Газа, каде што речиси целото население од 2,3 милиони се соочува со глад.

Бранот нови напади уследи по американскиот воздушен напад во Ирак и Сирија во петокот, чија цел беа вооружени групи како одмазда за убиството на тројца американски војници во Јордан минатата недела. САД за нападот во Јордан го обвинија Исламскиот отпор во Ирак, коалиција на вооружени групи поврзани со Иран.

Во меѓувреме, палестинската новинска агенција Вафа објави дека најмалку две деца се убиени во израелски напад врз градинка во Рафах, јужна Газа. Бројот на загинати во воздушните напади во источен Рафах се искачи на 24 лица, а Израел соопшти дека планира копнена инвазија на пренаселениот град.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...