fbpx

Пакети воздушна хуманитарна помош убија пет лица во Газа, не се отворил падобранот

Дополнително, десет лица биле поврердени во близина на кампот за бегалци Ал-Шати, во северна Газа

-

Падот на хуманитарна помош која била доставена во Газа по воздушен пат и чиј падобран неуспешно се отворил резултираше со пет загинати и 10 повредени лица, пренесува Гардијан.

Очевидци близу кампот за бегалци Ал-Шати во северот на Газа велат дека виделе како палета која била поврзана за падобран  паднала на група мажи, тинејџери и помали деца кои се надевале да најдат храна.

Загинатите и повредените лица биле однесени во болницата Ал-Шифа во градот Газа, потврди главниот медицински брат на ургентниот центар.

„Јас и брат ми ги следевме падобраните, надевајќи се да најдеме брашно. Потоа, одеднаш, видовме падобран кој не се отвори, кој падна како ракета на покривот на една од куќите. Десет минути подоцна видов луѓе како префрлаат тројца маченици и други повредени, кои престојува на покривот од куќата каде што паднаа пакетите со хуманитарна помош“, вели очевидец.

САД и Јордан се меѓу земјите кои доставуваат хуманитарна помош по воздушен пат. И САД и Јордан негираат дека тие биле инволвирани со смртоносното доставување помош.

Во северна Газа стотици илјади луѓе се соочуваат со глад, каде луѓе живеат во рушевините на нивните домови, без канализација и струја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...