fbpx

САД предложи нацрт-резолуција во ОН за примирје во Газа

Државниот секретар Ентони Блинкен соопшти дека резолуцијата е врзана со ослободувњето на заложниците заробени од Хамас за време на наивниот напад врз Израел на 7 октомври

-

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД поднела нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за примирје во Газа, пренесува Гардијан. Блинкен вели оти резолуцијата бара „итен прекин на огнот“ и дека е врзана со ослободувањето на заложниците заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври.

Блинкен ја информираше јавноста за резолуцијата за време на неговата неколкудневна посета во Блискиот Исток, која започна во Саудиска Арабија, а ќе вклучува посета и во Израел.

Досега САД има поставувано вето на гласања за резолуции поврзани со примирје во регионот. Во февруари САД гласаше против резолуција поднесена од Алжир, противејќи се на тоа да е „итен“ прекин на огнот – услов кој се чини САД го прифаќа со најновата резолуција предложена од Блинкен.

Сепак, во последните неколку недели, САД има поставувано повеќе притисок врз својот партнер Израел да дозволи поголем проток на хуманитарна помош во регионот и да донесе одлуки кои ќе доведат до примирје.

„Се разбира, ние стоиме зад Израел и неговото право на самоодбрана. Истовремено, императив е да се фокусираме на цивилите кои толку страшно страдаат“, рече Блинкен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...