fbpx

Бајден: Чекаме на Хамас за финализирање на договорот за примирје

Тридневни преговори за договор за примирје, во кои се вклучени САД, Катар, Израел и Хамас, засега не стигнале до заклучок, а неофицијалниот рок за потпишување на договорот, почетокот на Рамазан (понеделник), се наближува

-

Неофицијалниот рок за финализирање на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас се наближува, а преговорите не одат глатко. Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави оти топката е кај движењето Хамас, кое се очекува да донесе одлука до понеделник, почетокот на Рамазан, пренесува Гардијан.

Од Хамас, пак, велат дека топката е на израелската и американската страна и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е тој кој не сака да направи компромис за да се постигне договор.

„Мора да има прекин на огнот затоа што Рамазан – ако ова продолжи до Рамазан, Израел и Ерусалим би можеле да станат многу, многу опасни места“, изјави Бајден, кој апелираше Израел да дозволи муслимани да можат да се молат во ерусалимската џамија Ал Акса.

Истовремено, продолжуваат критиките кон Израел од меѓународни хуманитарни тела за тоа како државата се справува со кризата во Газа.

Група експерти од Обединетите нации изјави дека израелската влада од 8 октомври го доведува палестинскиот народ во глад, а го нарече нападот во северна Газа врз цивили кои се обиделе да земат брашно од камион со хуманитарна помош „масакр“. Тој напад резултираше со смртта на преку 100 цивили, а над 700 луѓе беа повредени.

Дополнително, Светската здравствена организација (СЗО) извести дека нивото на глад во Газа расте, особено кај децата и кај мајките доилки. Според СЗО, едно од шест деца под двегодишна возраст во Газа се неисхранети.

„Едно дете треба да јаде три оброци на ден. А кога јаде само еден, во нивните организми има недостиг на јаглени хидрати, витамини, протеини и масти и телото влегува во состојба на дехидрација. Не можеме да се справиме соодветно ни со половина од случаите што ги добиваме во болниците, затоа што немаме што да им дадеме на децата. Најмногу што можеме да направиме за нив е да им дадеме солен или шеќерен раствор“, изјави педијатарот д-р Имад Дардонах.

Истовремено, државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство (ОК) Дејвид Камерон изјави дека се намалува трпението на ОК во однос на соодветното доставување хуманитарна помош во Газа. Камерон рече оти планира истото да му каже на Бени Ганц, министер без ресор и поранешен министер за одбрана на Израел, чија посета во Лондон наводно го изнервирала Нетанјаху поради тоа што Ганц не се консултирал со премиерот за истата.

Во САД, пак, противкандидатот на Џо Бајден на претстојните претседателски избори Доналд Трамп, кој неодамна доминираше на Супер Вторник, изјави дека генерално е на страната на Израел во конфликтот, изјавувајќи дека „мора да се реши и заврши проблемот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...