Во тек е пријавувањето за бета-верзијата на играта DUNE Awakening Direct

DUNE Awakening Direct ќе биде MMO („Maсивна Мултиплејер Онлајн игра”) и воедно ќе има и елементи на „игра на преживување“ во отворен свет

Dune скриншот од трејлерот на YouTube
Фото: Исечок од трејлерот за играта

Во тек е пријавувањето за бета-верзијата на играта DUNE Awakening Direct – што може уште веднаш да го направите тука. Првин треба да ја изберете играта и потоа ќе одите на дното на страницата, каде треба да ја внесете е-адресата. Потоа стискате на копчето Register и тоа е крај на процесот.

Всушност, станува збор само за влегување во кругот на селекција и не станува збор за гаранција дека сигурно ќе бидете избрани. Најава кога точно ќе биде пуштена бета-верзијата нема, но ќе има Steam верзија, па таа ќе ви испрати известување ако ја ставите играта во Wishlist.  

За оваа игра имаме претходен детален напис, преку кој може подлабоко да ја запознаете темата обработувана и во најновиот филм DUNE 2, кој моментално е огромен хит и инстант успех низ целиот свет. Ова е последниот трејлер за филмот: 

DUNE Awakening Direct ќе биде MMO („Maсивна Мултиплејер Онлајн игра”) и воедно ќе има и елементи на „игра на преживување“ во отворен свет, направен во Unreal Engine 5 од фирмата Funcom.

Погледнете како ќе изгледа игрaњето:

Подетално може да се види и во стримот од најновата најава: