Најавена нова игра на тема „Дина“ наречена Dune Awakening

Dune скриншот од трејлерот на YouTube
Фото: Исечок од трејлерот за играта

Новата игра на тема „Дина” според книгите од писателот Френк Херберт е изрекламирана со една од најбисерните фрази: „Стравот е убиец на умот”. Играта ќе биде ММО со преживување, слична на најновата игра на тема Конан -Conan Exiles по структурата. Нормално, со сосема различна тема. Исто така, играта ќе има и дел што е Single Player и најверојатно ќе играте со протагонистот Пол.

И постариот филм за Дина со Кајл Меглахан во главна улога-(кој се прослави со серијата Твин Пикс) и Патрик Стујарт во споредна улога -(кој е најпознат по улогата на Капетанот Жан Лук Пикард од Стар Трек и во поново време “Професор X” од “Икс Мен” и има најскорешно појавување во најновиот Доктор Стрејнџ филм од Марвел) е доста добро сработен и вреди да се прегледува.

Најновиот филм за Дина каде главниот лик е толкуван со одлична глума од Тимоти Чаламет а глуми споредна улога и Џејсон Момоа кој се прослави со улогите на Карл Дрого во серијата Game of Thrones, направи бум во кината ширум светот. Се препорачува овој филм да се види на големо платно затоа што е ремек дело од фотографија, режија и веродостојност до приказната во книгите. Првиот дел е недовршена приказна, но се уште се снимаат продолженијата.

Се гледа дека и играта на оваа тема графички отскокнува во квалитетот. Да се надеваме дека и самиот гејмплеј ќе биде со исто ниво на анимација. Во трејлерот може да се види „жнеач” на зачин, големите црви и оделата на Фремените. Сите овие карактеристики им се добро познати на упатените. За за тие што не се упатени мора да се објасни дека премисата на приказната е дека Дина е единствената планета што има гориво за најбрзо патување низ вселената наречено „зачин” кој има и халуциногени дејства за „проширување на свеста” и им ги прави очите на сите што се изложени на „зачинот” светло сини. Дина е пустинска планета владеена од лошиот војвода Харконен, додека „Фремените” се бунтовниците. Тие користат модули за глас со специјални направи кои проектираат бранови звук за напад и исто така се борат и со ножеви од кои највредните се заб од голем црв. Имаат одела за самоодржување на влагата од организмот и за рециклирање на водата што ја испушта телото.

Приказната почнува кога фамилијата на војводата Атреис е назначена да се стационира на Дина. Главниот лик е Пол Атреис, подоцна познат како „Квизах сатарах” и по името „Муад Диб” – не би сакале да ви ја расипеме приказната ќе оставиме да ги одгатнете овие називи самите.

Ова се само основни маркери на приказната, но ви ги препорачуваме и книгите и филмовите како врвни дела на Научната фантастика. 

Се уште нема датум кога ќе излезе Dune Awakening.