fbpx

Британски пратеници бараат да запре продажбата на оружја на Израел

Над сто пратеници и 27 други политичари се потпишаа на писмо до државниот секретар Дејвид Камерон, откако се видоа знаци дека Израел не планира да ја почитува ОН резолуција за примирје во Газа

-

Над сто пратеници од парламентот на Велика Британија, заедно со уште 27 британски политичари, се потпишаа на писмо до државниот секретар Дејвид Камерон, во кое се бара Обединетото Кралство да престане да продава оружје на Израел, пренесува Гардијан.

Во писмото стои дека е неприфатливо продажбата на оружја на Израел да продолжи како што досега. Се истакнува дека неодамнешна истрага на ОН покажала дека двајца британски доктори биле убиени во бомбардирање од Ф-16 борбен авион, кој имал делови произведени во Велика Брианија.

Писмото доаѓа кратко по резолуцијата која беше усвоена во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), во која се бара итно примирје во Газа, како и ослободување на заложниците заробени од Хамас.

Израел покажува знаци дека не планира да ги следи барањата на резолуцијата, што се гледа во нивното обемно бомбардирање на југот на Газа, како и во повлекувањето на израелската делегација во преговорите за примирје во Катар. Дополнително, министерот за одбрана на Израел Јоав Галант изјави оти на американскиот државен секретар Ентони Блинкен му рекол дека единствениот пат до мир е „одлучна победа“ за Израел.

Претставничката на САД во Советот за безбедност Линда Томас-Гринфилд, која беше воздржана при изгласувањето на резолуцијата во ОН, тврди оти резолуцијата не е обврзувачка. Но, ОН експерти тврдат дека резолуции изгласани во Советот за безбедност, особено тие кои повикуваат на конкретно дејствување, а не се состојат само од препораки, се легално обврзувачки. Велика Британија, која гласаше за резолуцијата, стои зад истиот став.

Дополнително, Томас-Гринфилд инсистира оти резолуцијата бара ослободување на заложници како предуслов за примирје, но резолуцијата бара двете работи да одат паралелно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...