Објавен конкурсот за прием во ученички домови

На листата се наведени вкупно 18 домови во кои годинава ќе се примаат ученици кои ќе користат сместување и исхрана

Фото: Фејсбук профил на СОУ „Димитар Влахов“

Mинистерството за образование и наука (МОН) денеска објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови, за учебната 2024/2025 година. На листата се наведени вкупно 18 домови во кои годинава ќе се примаат ученици кои ќе користат сместување и исхрана.

„Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во прва, втора, трета и четврта година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови“, нагласено е во конкурсот.

Право на прием во јавните ученички домови, имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови – да се запишани како редовни ученици во средното образование, да се државјани на Република Северна Македонија, да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината/регионот односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава на http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Сите детали околу роковите и потребните документи ги има на овој линк.