fbpx
Таг: Европска унија

таг: Европска унија

Нов масовен протест во Атина за поддршка на владината политика

Нов протест за поддршка на поликата на Алексис Ципрас чука во срцето на Атина. Реки граѓани, гневни на досегашната строга политика за штедење, се излезени на централниот плоштад Синтагма, под грчкиот Парламент, во знак на поддршка на новата влада и на нејзините напори да го олесни грчкиот финансиски товар. Протестите се случуваат паралелно со првите официјални преговори на новата...

ЕУ ѝ порача на Русија да ја ослободи украинската жена-пилот

Европска Унија побара од Москва да ја ослободи украинската жена-пилот Нада Шевченко, која штрајкува со глад во руски затвор. На состанокот одржан во Брисел, претставниците на ЕУ побараа итно ослободување на Украинката. Шевченко, која е првата жена воен пилот во Украина, е обвинета дека минатата година во Источна Украина ги убила руските новинари Игор Корнелик и Антон Волошин. Веднаш по настаните, проруските активисти...

ЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите кон Русија

Европска Унија претрпе штета во вид на изгубен извоз од 21 милијарда евра поради санкциите што ги воведе Русија поради кризата во Украина, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија, кој вчера се состана со европските колеги во Брисел за да разговараат за понатамошните мерки, пренесе „Денар“. - Санкциите скапо нè чинеа, а ЕУ досега загуби 21 милијарда евра. Во...

ЕУ ги прошири санкциите кон Москва, но имплементацијата ќе почека

Европска Унија денеска најави нови санкции кон Русија и кон проруските сили, но го одложи нивното стапување на сила поради претстојните мировни преговори во Минск, закажани за среда, соопшти францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус. - Утврдените мерки со санкциите остануваат, но нивното имплементирање ќе зависи од резултатите на теренот. Ќе почекаме до следниот понеделник и ќе видиме како ќе помине...

ЕУ ги проширува санкциите кон Русија

Европска Унија ќе ги прошири санкциите кон Русија поради нејзината вмешаност во судирите на истокот на Украина. На листата ќе се најдат уште 19 лица и девет субјекти, соопштија денеска извори од Брисел. Меѓу 16 лица, кои ќе бидат погодени со санкциите, се наоѓаат и пет Руси, прецизираат изворите. Проширувањето на листата е одлучено на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ,...

Ренци: Постојат услови за договор меѓу Грција и европските институции

Можен е договор меѓу новата грчка Влада и европските институции, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци денеска, по средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас. Според Ренци, постојат услови за наоѓање заеднички јазик со европските институции за решавање на грчката економска криза. Италијанскиот премиер вчера изјави дека дискусијата за економската политика треба „да се сврти од штедење кон пораст и инвестиции“. Ваквата изјава на...

Попоски: Да ја искористиме целата енергија во ЕУ-интеграцијата

Да ја искористиме целата енергија во ЕУ-интеграцијата, да покажеме сериозност и да бидеме над дневните препреки, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - ЕУ-интеграцијата е најважна цел на Македонија околу која треба сите да бидеме сплотени. За Македонија ќе биде многу корисно да потроши што е можно повеќе енергија за ХЛАД и де факто почнување на преговорите затоа што...

Тревога во Брисел поради сомнителни автомобили

Три згради во близина на Европскиот парламент во Брисел, утринава се евакуирани поради сомнителни автомобили во кои подоцна е откриено оружје, јавуваат белгиските медиуми. Полицијата претресла сомнителен автомобил паркиран на една од улиците и пронашла оружје и експлозив, а едно лице е приведено. Телевизијата „Ер-Те-Ел“ пренесе дека човек во видно алкохолизирана состојба го паркирал автомобилот со оружје на забрането место, по...

„Гардијан“: Путин е како Милошевиќ, а Украина како Босна

Колумнист на „Гардијан“, Тимоти Гартон, направи паралела меѓу актуелните случувања во Украина и агресијата врз БИХ, која почна во 1992 година. „Владимир Путин е Слободан Милошевиќ. Тој, како и некогашниот Советски Сојуз е подеднакво грозен, но многу помоќен. Како и Милошевиќ, Путин во Украина е спремен да ги искористи сите средства кои му се на располагање, за да го добие тоа...

ЕУ: Загрижени сме за политичката состојба во Македонија

Европската служба за надворешни работи испрати нова реакција за обвиненијата против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, по саботната операција „Пуч“. - Во саботата изразивме загриженост за случувањата во поранешната југословенска република Македонија. Принципиелно, Комисијата не коментира истраги кои се во тек. Меѓутоа, ЕУ е многу јасна околу принципите врз кои кривичните истраги треба да бидат базирани, како што веќе изразивме во...

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до септември

Европска Унија синоќа, на вонредната седница на шефовите на дипломатии на 28 земји-членки, одлучи да ги продолжи до септември санкциите кон Русија, соопшти високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. На гласањето за продолжување на санкциите, кои завршуваат во март годинава, му претходеше остра дебата меѓу повеќето земји-членки и малцинството предводено од Грција, кои се противеа на нивното продолжување. САД го поздравија продолжувањето на...

Орав бара политички консензус за уставните измени

Преку писмена изјава, евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, предупредува на некои клучни проблеми во врска со уставните измени што се во собраниска процедура. „Како што веќе соопштија од канцаларијата во Брисел, и Венецијанската комисија, и Европската комисија подвлекоа дека уставни измени кои имаат олку важна природа бараат широк политички и општествен консенсус. И покрај процесот на консултации кој зема место, вклучувајќи...

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции

Шефовите на држави и на влади на 27 земји-членки на ЕУ денеска најавија заострување на санкциите доколку Русија не ги осуди акциите на проруските сили и не почне да го применува договорот од Минск. „Воочивме докази за континуирана и сè поинтензивна руска поддршка на сепаратистите, што ја истакнува одговорноста на Русија“, стои во заедничкото соопштение, во кое се осудуваат артилериските напади...

Победата на СИРИЗА не ги плаши членките на ЕУ

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за економија и за финансии на еврозоната, само еден ден по грчките избори, чиј исход е една од главните теми. По убедливата победа на СИРИЗА и најавите дека ова сценарио може негативно да влијае на еврозоната и на Европска Унија, министрите за економија и за финансии на еврогрупата и европските претставници од Европската...

Милијардите на Драги го урнаа еврото, но ги кренаа акциите

Главната програма на Европската централна банка (ЕЦБ) за купување обврзници би требало да ја зајакне економијата во еврозоната, но тоа само по себе нема да биде доволно, оцени директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, повикувајќи ги владите да спроведат структурни реформи. - Би требало да помогне, но самото тоа нема да биде доволно за да се заживее европската...

Чомски: Судбината на Балканот зависи од Русија и од Западот

Светскиот антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји зависи од исходот од конфликтот меѓу Русија и Западот, како и од опстанокот на Европска Унија. Чомски, во интервјуто за неделникот „НИН“, вели дека не знае дали Балканот ќе влезе во Европска Унија, пред сè, затоа што не знае дали таа ќе опстане. Тој наведува дека двете страни во украинскиот конфликт се свесни...

Могерини: Украина мора да се зачува

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија. Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на оние кои тврдат дека склучувањето...

Попоски се сретна со амбасадорот на Латвија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска го прими амбасадорот на Латвија, Албертс Сарканис, чија земја го презеде претседателството со Европска Унија. На средбата, Сарканис ги презентирал приоритетите на латвиското претседателство, а Попоски ја истакнал посветеноста на Македонија кон евроинтегрирањето.

ЕУ бара соработка со арапските земји во борбата против тероризмот

Европска Унија денеска повика на антитерористички сојуз со арапските земји за да се зајакне соработката и размената на информации по терористичките напади во Франција и апсењето на осомничените терористи низ Европа. - Потребна ни е алијанса. Потребно е да ја зајакнеме меѓусебната соработка – рече шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Могерини денеска се сретна со генералниот секретар на...

ЕК за Кежаровски: Владата да престане да ги игнорира проблемите

Европската комисија се огласи по затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, нагласувајќи дека Европска Унија одблиску го следи судскиот случај со Кежаровски, но не коментира за индивиудални случаи. - Медиумската слобода е екстензивно покриена во извештајот за напредокот на поранешната југословенска република Македонија, истакнувајќи ги проблематичните области како владиното рекламирање, необјективното медиумски известување за време на избори, улогата на јавниот сервис и...