fbpx

Тревога во Брисел поради сомнителни автомобили

-

Три згради во близина на Европскиот парламент во Брисел, утринава се евакуирани поради сомнителни автомобили во кои подоцна е откриено оружје, јавуваат белгиските медиуми.

Полицијата претресла сомнителен автомобил паркиран на една од улиците и пронашла оружје и експлозив, а едно лице е приведено.

Телевизијата „Ер-Те-Ел“ пренесе дека човек во видно алкохолизирана состојба го паркирал автомобилот со оружје на забрането место, по што е уапсен, а возилото го прегледале полициските единици за деминирање експлозивни направи со далечинско управување.

Во зградите, кои се евакуирани, сместени се разграноци на Европскиот парламент и на Европската комисија, а главното седиште на институцијата денеска функционираше нормално.

Утринава на кратко беше прогласена тревога во американската амбасада во Брисел, исто така поради сомнителен автомобил, но не била евакуирана.

Властите досега не издадоа официјално соопштение за овие настани, а во Белгија во последните три недели имало 13 дојави за подметнати бомби, но сите биле лажни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...