fbpx

Заев на средбата со Орав: Ќе објавиме сè што имаме

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и неговата заменичка Радмила Шекеринска, денеска на средба го информирале амбасадорот на Европска Унија (ЕУ) во земјата, Аиво Орав, за последните случавања по, како што навеле првите луѓе на СДСМ, обидот на власта на Груевски „со политички монтирана постапка против лидерот на опозицијата да спречи објавување на аргументи и факти за нејзиното криминално владеење“, соопштуваат од СДСМ.

„Објавување докази и аргументи за криминал на власта не може да биде државен удар. Обврска и должност е на секој што добил такви докази да ги објави, посочи лидерот Заев. Не може да биде уцена и обид за државен удар легитимно барање на лидер на опозиција за формирање техничка влада, која би обезбедила услови за спроведување фер и демократски избори“ рекол Заев на средбата, соопштуваат од партијата.

Заев посочил дека последните случувања се потврда за контролата на власта врз судството и врз медиумите.

„Националниот сервис, МРТВ, реализираше медиумска блокада на клучните изјави и ставови на СДСМ. Обраќањето на Никола Груевски го пренесе во живо, интегрално, а од обраќањето на лидерот на опозицијата пренесе помалку од 40 секунди во ТВ-дневникот. Начинот на известување на медиумите за овие настани, необјективно, непрофесионално и наклонето кон власта, уште еднаш ја потврдува медиумската контрола на власта, констатирана и во извештаите на ЕУ“, рекол Заев.

„Ќе објавиме сè што имаме“, нагласил Заев на средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...