fbpx

Орав бара политички консензус за уставните измени

-

Преку писмена изјава, евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, предупредува на некои клучни проблеми во врска со уставните измени што се во собраниска процедура.

„Како што веќе соопштија од канцаларијата во Брисел, и Венецијанската комисија, и Европската комисија подвлекоа дека уставни измени кои имаат олку важна природа бараат широк политички и општествен консенсус. И покрај процесот на консултации кој зема место, вклучувајќи ги и меѓународните организации, забележуваме дека овие уставни измени минуваат низ собраниска постапка во време кога најголемата опозициска партија го бојкотира Собранието. Важно е уставните измени да дојдат како резултат на широка и издржана дебата, која ќе вклучи различни политички сили“, стои во изјавата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...