fbpx

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции

-

Шефовите на држави и на влади на 27 земји-членки на ЕУ денеска најавија заострување на санкциите доколку Русија не ги осуди акциите на проруските сили и не почне да го применува договорот од Минск.

„Воочивме докази за континуирана и сè поинтензивна руска поддршка на сепаратистите, што ја истакнува одговорноста на Русија“, стои во заедничкото соопштение, во кое се осудуваат артилериските напади на проруските сили во приморскиот град Маријупољ, во кои настрадаа најмалку 30 лица.

Лидерите им дадоа инструкции на своите шефови на дипломатија на вонредниот состанок на Надворешнополитичкиот совет на ЕУ во четврток да го разгледаат неопходните акции, а особено новите рестриктивни мерки, за да се примени спогодбата од Минск.

Советот на ЕУ ќе даде конечен збор за санкциите на неформалниот самит во Брисел, закажан за следниот месец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...