Европска Унија побара од Москва да ја ослободи украинската жена-пилот Нада Шевченко, која штрајкува со глад во руски затвор.
На состанокот одржан во Брисел, претставниците на ЕУ побараа итно ослободување на Украинката.
Шевченко, која е првата жена воен пилот во Украина, е обвинета дека минатата година во Источна Украина ги убила руските новинари Игор Корнелик и Антон Волошин.
Веднаш по настаните, проруските активисти ја заробиле и ја однеле во Русија.
Минатиот месец, исто така, е обвинета дека нелегално ја минала границата меѓу Русија и Украина, додека нејзиниот адвокат наведува дека таа е киднапирана и однесена во Русија против нејзина волја.