fbpx

Австрија: Уапсени помагачи на „Пинк пантер“

-

Луксузни рачни часовници и накит вреден повеќе од половина милион евра се запленети, а четири лица се уапсени при акцијата на австриската полиција која во Виена разби мрежа на помагачи на бандата „Пинк пантер“, соопшти полицијата.

Триесет и петгодишен Србин, за кој постои сомневање дека стоката ја донел од Швајцарија, двајца Изралци (37 и 39) и 40-годишен Белгиец, за кого стоката, наводно, била наменета, се уапсени по истрагата што заедно ја воделе германската, швајцарската, белгиската и српската полиција.

– Вакво разбивање мрежа помагачи поврзани со „Пинк пантер“ е ретко ако се има предвид дека меѓународната банда крадци на накит е особено добро организирана – истакна виенската полиција.

Бандата „Пинк пантер“, чие јадро го сочинуваат државјани од поранешна Југославија, има, како што наведува Интерпол, околу 220 члена кои се осомничени дека од 1999 година низ светот украле накит и луксузни предмети во вредност поголема од 330 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...