Европската служба за надворешни работи испрати нова реакција за обвиненијата против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, по саботната операција „Пуч“.

– Во саботата изразивме загриженост за случувањата во поранешната југословенска република Македонија.
Принципиелно, Комисијата не коментира истраги кои се во тек. Меѓутоа, ЕУ е многу јасна околу принципите врз кои кривичните истраги треба да бидат базирани, како што веќе изразивме во изјавата во саботата.
Меѓутоа, загрижени сме за политичката состојба во земјата. Начинот на кој случувањата за време на викендот беа менеџирани и недостигот од избалансирано медиумско покривање, ја зацврстуваат оваа загриженост. Дозоволете ми да ја повторам загриженоста изразена во извештајот за напредок од октомври, во однос на партизацијата и на перцепцијата за селективна правда. Заради ова, од највисока важност е истрагата да биде водена независно и транспарентно, со целосно почитување за фер процес и на принципот на презумпција на невиност – изјави Федерика Могерини, шефица за надворешни работи на ЕУ.