fbpx

„Гардијан“: Путин е како Милошевиќ, а Украина како Босна

-

Колумнист на „Гардијан“, Тимоти Гартон, направи паралела меѓу актуелните случувања во Украина и агресијата врз БИХ, која почна во 1992 година.

„Владимир Путин е Слободан Милошевиќ. Тој, како и некогашниот Советски Сојуз е подеднакво грозен, но многу помоќен. Како и Милошевиќ, Путин во Украина е спремен да ги искористи сите средства кои му се на располагање, за да го добие тоа што го сака. Во војната која ја почна против Западот, тој се служи со силни воени сили, кибернетичко војување, економски војни, пропаганда, добро финансирани медиуми, кои ги држи под своја контрола, тајни операции, но и со воени авиони кои ја надлетуваат Европа и би можеле за ги загрозат цивилните летови“, стои во текстот во „Гардијан“.

Колумнистот наведува дека Путин зад велот од лаги и од измами, тргнал во создавање парадржава во Украина, која ќе биде под неговата контрола.

„Додека Европа е преокупирана со настаните во Грција, нејзините службеници дозволуваат во сопствениот двор да им се повтори Европа. Разбуди де Европо. Ако нешто сме научиле од нашата историја, тогаш треба да го запреме Путин“, пишува Гартон, додавајќи дека невини цивили секојдневно гинат во украинскиот град Мариупол.

Гартон смета дека Путин, на крај, ќе изгуби, но најмногу ќе изгубат граѓаните на Русија.

„Но, пред овој диктатор да ја напушти позицијата, ќе се пролее уште многу крв“, заклучува колумнист на „Гардијан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...