fbpx

Победата на СИРИЗА не ги плаши членките на ЕУ

-

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за економија и за финансии на еврозоната, само еден ден по грчките избори, чиј исход е една од главните теми.

По убедливата победа на СИРИЗА и најавите дека ова сценарио може негативно да влијае на еврозоната и на Европска Унија, министрите за економија и за финансии на еврогрупата и европските претставници од Европската комисија денеска ја смируваат јавноста.

– За време на кампањата, оваа влада покажа дека е одговорна, никогаш не спомена напуштање на еврото, никогаш не спомена ставање во прашање на повелбите и на правилата кои нè поврзуваат. Тоа би било лошо за Грција и лошо за Европа, владата покажа дека сака дијалог – изјави пред почетокот на состанокот во Брисел, францускиот министер за финансии, Мишел Сапин.

Тој истакна дека преговарањето за грчкиот долг не се исклучува како тема на разговорите, нешто на што Ципрас инсистираше за време на кампањата.

Денешниот состанок на еврогрупата не е посветен на изборите во Грција и неговото одржување беше планирано пред да се најават грчките избори. Европскиот комесар за финансии, Пјер Московиси, изјави дека вчерашните избори нема да бидат тема на разговор денеска и дека се чека целосно формирање на новата влада.

Експертите во Брисел, како Јанис Емануилидис од Европскиот политички центар, се уверени дека СИРИЗА и Европска Унија ќе успеат да најдат договор.

– Тесното мнозинство од 149 седишта на СИРИЗА е подобро отколку да имаше тесно апсолутно мнозинство од 151 или 152 седишта – вели Емануилидис.

Според него, благодарение на коалицијата со Независни Грци и нивните 13 седишта, СИРИЗА ќе има многу поудобна состојба за гласање и за одлучување. Двете партии, иако се дијаметрално спротиставени, идеолошки имаат иста крајна економска цел: ставање крај на програмите за штедење и реструктурирање на долгот.

Но, се чини дека земјите-членки не се подготвени да прифатат големо реструктурирање на долгот, изјави претседателот на еврогрупата, Јерун Дајселблум.

– За бришење на долгот, не верувам дека има поддршка. Веќе направивме многу за да го олесниме товарот на долгот врз Грција во смисла на камати – рече тој пред почетокот на состанокот.

Според експертите и новинарите со кои рзговараше „Мета“, не треба да се очекува големо поместување во спорот околу името со Македонија бидејќи Грција се соочува со други проблеми и СИРИЗА не е подготвена да отвора нови фронтови.

– Според извори во СИРИЗА, новата влада ќе се обиде да ја врати довербата во политичките односи меѓу двете земји. Многу високи функционери во партијата во минатото изјавија дека името не треба да биде пречка, но под притисок на десницата на Самарас, тешко е да се замислат драматични промени во преговорите – вели Јоргос Куварас, грчки новинар и експерт по европски прашања.

Тој вели дека со толку отворени фронтови, ќе биде тешко за СИРИЗА да отвори уште еден, во областа на надворешните работи, но вистината е дека Ципрас ќе се обиде да ги зацврсти економските односи помеѓу двете земји, што е секако добро и за полиитчките односи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...