fbpx

Чомски: Судбината на Балканот зависи од Русија и од Западот

-

Светскиот антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји зависи од исходот од конфликтот меѓу Русија и Западот, како и од опстанокот на Европска Унија.

Чомски, во интервјуто за неделникот „НИН“, вели дека не знае дали Балканот ќе влезе во Европска Унија, пред сè, затоа што не знае дали таа ќе опстане. Тој наведува дека двете страни во украинскиот конфликт се свесни од опасноста за натамошна ескалација на ситуацијата, но изрази надеж дека ќе се најде начин да се намали тензијата.

Професорот на Масачусечкиот институт за технологија (МИТ) смета дека неолибералните политики на штедење за време на рецесија, кои ги спроведуваат Германија и финансиските институции, даваат катастрофални резултати, особено во помалку развиените земји. Токму затоа доаѓа до губење на вербата во политичките партии и во ЕУ.

– Левичарските партии во Грција и во Шпанија, СИРИЗА и Подемос, се близу до стекнување конкретна политичка моќ, а нивната политика се темели на спротиставување на неолибералната офанзива – смета Чомски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...