fbpx
Таг: Европска унија

таг: Европска унија

ЕУ расправа за продолжување на санкциите кон Русија

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за тоа дали да се продолжат економските санкции кон Русија поради нејзините акции во Украина. Европски дипломат, кој побарал да остане анонимен, за „Радио слободна Европа“ изјавил дека претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, работи со Германија и со Франција на предлог за продолжување на санкциите и оти на мета...

ЕУ со помош од 84.000 евра за настраданите во поплавите

За помош на настраданите во поплавите во Македонија, Европската комисија ќе додели 84.236 евра. Како што соопшти Делеагацијата на ЕК во Македонија, финансиската помош на ЕУ, обезбедена преку Фондот за итно надминување катастрофи на Црвениот крст, ќе ја поддржи тековната помош на локалниот Црвен крст за надминување на последиците од поплавите. Помошта ќе се користи за дистрибуција на храна, хигиенски материјали...

Украина бара ОН и ЕУ да испратат мировни сили

Украинската Врховната рада денеска побара од Советот за безбедност на ОН и од ЕУ да испратат мировни сили на истокот на Украина кои ќе бидат распоредени долж линијата на разграничување меѓу украинските и проруските сили. Барањето, за кое се изјаснија 341 пратеник во 450-члената украински парламент, го поднесе претседател на Украина Петро Порошенко. Украинскиот парламент исто така денеска ги прогласи реоните...

ЕУ без нови санкции кон Русија

Лидерите на Европската унија на претстојниот самит во Брисел нема да разгледуваат нови санкции за Русија, соопшти шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс, чија земја претседава со ЕУ. Ринкевичс по дводневното заседавање на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел наведе дека се спроведуваат првите елементи од договорот од Минск и оти нема потреба од нови санкции. Претходно воведените санкции опфаќаат...

Јавното обвинителство покани ЕУ-експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

Јавното обвинителство на Република Македонија доставило официјална покана до органите на Европската унија за испраќање меѓународни експерти кои би ја следеле работата на јавните обвинители во врска со актуелните предмети, случајот „Пуч“ и аферата „Прислушување“, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Ваквата одлука е одраз на цврстиот став дека јавните обвинители доследно постапуваат во согласност со законите и дека јавноста нема...

Луначек: Земјите од ЕУ што не го признале Косово, да го направат тоа

Европратеничката и известувачката на Европскиот парламент за Косово, Улрике Луначек, денеска побара визна либерализација за граѓаните на Косово и ги повика членките на ЕУ што не ја признале независноста на Косово за промена на политиката. Луначек ги повика Шпанија, Словачка, Романија, Грција и Кипар да ја признаат независноста на Косово по примерот на другите членките на ЕУ, кои веќе го направиле тоа. -...

Станишев: ЕУ не може сама да ги реши проблемите во Македонија

Властите во Македонија мора да преземат иницијатива за обновување на политичкиот дијалог, во спротивно, посредството од европските институции нема да ги реши внатрешните проблеми на Македонија, рече бугарскиот европратеник Сергеј Станишев за време на дебатата во Стразбур за извештајот за напредокот на Македонија во евроинтерграциите. - Веќе не станува збор само за дијалог меѓу партиите, туку за одбрана на основните...

Европратениците денеска ќе гласаат за резолуцијата за Македонија

Проблемот за името треба да се реши пред крајот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, оценија синоќа пратениците од Европскиот парламент во Стразбур и побараа од шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, да изнајде нова иницијатива со која ќе се излезе од сегашниот ќор-сокак. Нотис Мариас, од партијата Независни Грци, која е дел од новата коалициоска влада предводена од...

Браун: Британија без ЕУ ќе стане европска Северна Кореја

Доколку ја напушти Европската унија и остане без пријатели и влијание, Обединетото Кралство ќе стане европска Северна Кореја, смета некогашниот британски премиер Гордон Браун. Браун истакна дека Британија е на пат во следните десет години од Германија да ја преземе титулата најмоќна европска економија, но излегувањето од ЕУ ќе го загрози тоа. - Актуелниот став на премиерот Дејвид Камерон кон унијата,...

Јанкулоска: Зачленувањето во ЕУ е единствена опција

Европската перспектива и зачленувањето во Европската унија (ЕУ) е единствена опција за сите земји од регионот, истакнала министерката за внатреши работи, Гордана Јанкулоска, на денешната дипломатска информативна средба за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и за миграција (МАРРИ), што се одржа во Владата. „Иако Република Македонија подолго време е земја-кандидат, сепак тоа не нè обесхрабрува многу туку, напротив, повеќе...

Во тек се контакти со страниците за помош за кризата

Активности и контакти на релација Македонија - Европска унија, во насока на решавање на политичката криза, која дополнително зовре по објавувањето на аферата „Прислушување“, има и се во тек, потврди Стево Пендаровски, кој е дел од опозицискиот табор. - Не можам да зборувам за детали. Знам само дека постојат контакти меѓу политичките субјекти кои се релевантни во Македонија и меѓународната...

Раомингот во ЕУ останува, но со пониски цени

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одлучија да не ја укинат наплатата за роаминг во рамките на ЕУ и донесоа компромисно решение на корисниците на мобилната телефонија да им бидат намалени трошоците за роаминг. Европскиот парламент минатата година одобри план за укинување на роамингот во унијата до крајот на 2015 година, но Европскиот совет денеска одлучил предлогот да го врати...

Македонците со најмали шанси за азил во Европа

Македонците се втори најбројни баратели на азил во Европска Унија, но истовремено се и со најмала стапка на прифаќање, која едвај изнесува еден отсто. Според последниот надзор на Европската комисија врз укинувањето на визниот режим за земјите од Западниот Балкан, барањата за азил од Македонија имаат најмала стапка на прифаќање во целиот регион. Според статистичките податоци од ЕУ, 21 процент од вкупните барања...

Минималецот во Македонија е 12 пати помал од ЕУ

Највисоката минимална плата во ЕУ е во Луксембург и таа изнесува 1.923 евра, додека најнискиот минималец е во Бугарија и изнесува 184 долари, објави „Евростат“. Минималната плата во Македонија од јануари годинава изнесува 9.590 денари (155 евра), што е за 12,4 пати помалку од највисокиот минималец во ЕУ, и за 29 евра помалку од најниската минимална европска плата. Земјите од ЕУ...

Станишев: Кризата ѝ ги загрозува евроинтеграциите на Македонија

Европските социјалисти сметаат дека почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ може да има позитивно влијание врз земјата и да даде поттик за напредок во проблематичните области, вклучувајќи ги и отворените билатерални прашања, изјави заменик-претседателот на Заедничкиот комитет за парламентарна соработка на ЕУ и на Македонија, бугарскиот европратеник и лидер на ПЕС, Сергеј Станишев. - Оваа одлука, сепак,...

Предупредување за масовно следење во ЕУ

Советот на Европа издаде силно предупредување за масовно следење на европските граѓани, кое се овозможува и се воведува низ новите мерки што владите ги предлагаат по терористичките напади во Париз и во Копенхаген. Претставникот на Советот задолжен за фундаменталните човекови права, Нил Муизникс, вели дека предлозите како што се целосна забрана на енкриптирање податоци на интернет, што ја заговара британскиот премиер Дејвид...

ЕУ повика да се повлече тешкото вооружување на истокот на Украина

ЕУ денеска повика да се повлече тешкото вооружување од фронтот во Источна Украина, како што е предвидено со прекинот на огнот потпишан минатата недела, додека стигаат извештаи за жестоки борби во источниот град Дебаљцев. - Уште еднаш потсетуваме дека сите страни строго треба да се придржуваат до минатонеделниот договор и без двоумење да се спроведат тие мерки – рече портпаролот...

Русија најави контрамерки за санкциите на ЕУ

Москва „соодветно“ ќе одговори на новите санкции на ЕУ наметнати поради украинската криза, соопшти руското министерство за надворешни работи, додавајќи дека ваквите мерки нема да придонесат за решавање на судирите во Украина. Во соопштението на руското МНР, се наведува дека Москва е изненадена и збунета од воведувањето на новите санкции и оти тие се спротивни на здравиот разум. ЕУ минатата недела на...

Стапи на сила новата црна листа на ЕУ

Европска Унија на црната листа на санкционирани додаде 19 лица и девет организации поради „загрозените територијален интегритет, суверенитет и независност на Украина“. Меѓу оние на кои отсега им е забрането издавање виза и чиј имот на територијата на ЕУ е замрзнат, се најдоа и замениците на рускиот министер за одбрана, Аркадиј Бахин и Анатолиј Антонов, двајца претставници на Думата, познатиот пејач Јозеф Кобзон,...

ЕУ формира комитет за контрола на даночните спогодби

Европска Унија основа специјален комитет задолжен за контрола на даночните прописи во земјите-членки, по тврдењата дека Луксембург склучувал договори за избегнување плаќање даноци со мултинационалните компании. За формирање на комитетот, денеска гласаа 312 пратеници во Европскиот парламент, 19 беа против, а 23 беа воздржани. Новоформираниот комитет ќе ги испита низата протечени документи поврзани со даночните спогодби на Луксембург, како и другите случаи...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...