Станишев: ЕУ не може сама да ги реши проблемите во Македонија

Властите во Македонија мора да преземат иницијатива за обновување на политичкиот дијалог, во спротивно, посредството од европските институции нема да ги реши внатрешните проблеми на Македонија, рече бугарскиот европратеник Сергеј Станишев за време на дебатата во Стразбур за извештајот за напредокот на Македонија во евроинтерграциите.

– Веќе не станува збор само за дијалог меѓу партиите, туку за одбрана на основните демократски стандарди и принципи, кои се составен дел од преговарачкиот процес. Нападите врз лидерот на опозицијата само го покренуваат прашањето дали навистина можеме да му веруваме на правосудниот систем, кој веќе трпи критики за селективно делење правда под влијание на власта – изјави бугарскиот европратеник и заменик-претседател на Комитетот за парламентарна соработка на ЕУ и на Македонија.

Според Станишев, ако власта на је преземе иницијативата за средување на политичката криза, изгледите за почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ ќе станат уште послаби.

Бугарскиот европратеник рече дека Македонија постигнала напредок во одредени области, но оти од неа се очекуваат конкретни активности и тоа во насока на добрососедските односи со Бугарија.