понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: резолуција | 77 резултати

САД ставија вето на резолуцијата на ООН за итен хуманитарен прекин на огнот во Газа

9 декември 2023

Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата на Обединетите нации со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа. Гласањето во ОН дојде откако генералниот секретар Антонио Гутереш за прв пат се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, кој му овозможува да ги искаже заканите што ги гледа за меѓународниот мир […]

Проруската партија на Вулин почна иницијатива за приклучување на Србија во БРИКС

30 август 2023

Движењето на социјалистите (ДнС), проруска партија на чие чело до неодамна беше контроверзниот поранешен српски министер Александар Вулин, а сегашен директор на државната безбедносна агенција БИА, во парламентот на Србија поднело предлог-резолуција за приклучување на земјата на БРИКС, сојузот на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, известува српски „Данас“. Одлуката би била донесена по […]

Предложена резолуција до американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја

1 август 2023

Септември 2023 година да се прогласи за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, се предлага во резолуцијата што во Сенатот на САД ја претстави републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Брон. Како што објави Гласот на Америка на македонски јазик, во резолуцијата се вели […]

Резолуцијата усвоена од германскиот парламент ги скара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

19 јуни 2023

Резолуцијата на германскиот парламент за поддршка на Северна Македонија на патот кон ЕУ ги испорака политичките партии. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат за тоа дали нејзиното усвојување е државнички успех или пак во минатото имало поцврста резолуција. „Резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонската иднина во ЕУ и признание на македонскиот јазик, идентитет, култура и […]

Бундестагот ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија, германската десница гласаше против

16 јуни 2023

Со мнозинството гласови на социјалдемократите, Зелените и либералите, германскиот парламент синоќа ја усвои Резолуцијата за поддршка на Македонија на патот кон членство во ЕУ, во која е наведено и дека Бундестагот ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет. Германските десничарски партии, вклучувајќи ја и ЦДУ/ЦСУ на поранешната премиерка Ангела Меркел гласаа против резолуцијата и изнесоа […]

Бундестагот денеска ќе гласа резолуција за признавање на македонската култура, јазик и идентитет

15 јуни 2023

Резолуција за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ вечерва ќе се најде на дневен ред пред пратениците во германскиот парламент – Бундестагот. Оваа резолуција е предложена од пратеничките групи на социјалдемократите, зелените и либералите, а самиот документ е текст од три страници и со 13 препораки до германската влада за тоа што треба да направи […]

Сојузот на средношколци со Резолуција изрази солидарност и бара акција за војната во Украина

25 февруари 2023

По повод одбележувањето на годишнината откако Русија ја започна воената агресија против Украина, Сојузот на средношколци, заедно со Делегацијата на Европската Унија, вчера го одржаа настанот „Интеграција на учениците и студентите бегалци во образовниот систем“, на кој се дискутираше за влијанието на војната врз украинското културно наследство и образовен систем, информираат од Сојузот на средношколци. […]

Европскиот парламент ја прогласи Русија за држава – спонзор на тероризмот

24 ноември 2022

Европскиот парламент вчера ја усвои Резолуцијата со која ја прогласи Русија за држава – спонзор на тероризмот, поради бруталните и нехумани дејствија нанесени врз Украина и нејзините граѓани од почетокот на воената инвазија на 24 февруари годинава, јавува Јуроњуз. „Намерните напади и злосторства извршени од страна на Руската Федерација врз цивилното население на Украина, уништувањето […]

Холандскиот парламент против влез на Бугарија во Шенген зоната, реакции од источниот сосед

21 октомври 2022

Парламентот во Холандија изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Холандските пратеници изгласаа резолуција со која побараа холандскиот премиер Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната без граници, поради корупција и организиран криминал во двете земји, пишува Јуроактив. Ваквата вест доаѓа само два дена […]

Советот на Европа: Време е да се направи проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан

11 октомври 2022

Со 134 гласови ЗА, три против и три воздржани, денес во Стразбур, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвои резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан, повикувајќи на нов поттик во процесот на проширување на ЕУ и барајќи од Западен Балкан веднаш да се справи со клучните предизвици со кои се соочува. […]

Парламентот на Австрија усвои резолуција за геноцидот во Сребреница

7 јули 2022

Парламентот на Австрија едногласно усвои резолуција за геноцидот во Сребреница, оддавајќи им почит на Босанците убиени на 11 јули 1995 година. Со Резолуцијата се бара од австриските власти да продолжат активно да ја поддржуваат комеморацијата на геноцидот во Сребреница заедно со другите членки на Европската унија. Усвојувањето на документот доаѓа по официјалната посета на австриската […]

Што вклучува предлог-решението на бугарскиот парламент за кревање на ветото

24 јуни 2022

Бугарските медиуми го пренесуваат предлог-решението на Демократска Бугарија (ДБ), една од членките на владејачката коалиција во Бугарија. Предлог-решението треба да изнесе повеќе услови, и ако се усвои денеска може да доведе до кревање на ветото од Бугарија на состанокот на Европскиот Совет што почна вчера, а продолжува денеска во Брисел. Прво, според предлог-резолуцијата, за поддршка […]

ДУИ против Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за идентитетските линии, албанската опозиција ќе гради партиски став

6 јули 2021

Владејачката партија ДУИ не ја прифаќа најавената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ за дефинирањето на македонските идентитетски линии, за која што ќе треба да се гласа во Собранието на РСМ. И покрај тоа што СДСМ ја прифати ваквата резолуција, од ДУИ пристигна информацијата дека нивните пратеници нема да ја прифатат оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. По средбата со […]

СДСМ најави прифаќање на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонските идентитетски линии

5 јули 2021

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска потврди дека нивните позиции во однос на македонскиот јазик и македонскиот идентитет се кристално јасни и многу пати досега се потврдувани и кажани во јавноста. Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов денеска рече дека доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа и ако им треба потврда […]

Мицкоски најави резолуција во Собранието за спорот со Бугарија, од СДСМ реагираат дека тоа е уште една блокада

2 јули 2021

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до Собранието резолуција во која ќе се дефинираат македонските позиции во преговорите со Бугарија, најави на денешната прес конференција, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Мицкоски очекува широка општествена поддршка за резолуцијата на која не требало да се гледа како резолуција на ВМРО-ДПМНЕ. Во предложениот текст на резолуцијата, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ оценува […]

Позитивата за реформите во сенка на „бугарските работи“

27 март 2021

На вчерашната седница на Европскиот парламент (ЕП) беа усвоени резолуциите за извештаите за Северна Македонија, Албанија, Србија и Косово, а постапката е сѐ уште во тек за преостанатите држави од регионот и држави кандидати – Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција. Oвогодишната резолуција на EП за нашата држава има три главни аспекти – односот […]

ЕПП со резолуција побара што побрзо почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ

21 ноември 2019

Европската народна партија (ЕПП) на конгресот во Загреб вчера изгласа итна резолуција со која побара од Советот на ЕУ и земјите-членки на ЕУ да донесат позитивна одлука за отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Истовремено, на конгресот за нов претседател на ЕПП е избран доскорешниот претседател на […]

ЕП изгласа резолуција за итно давање датум на Македонија и Албанија

24 октомври 2019

Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“, Европскиот Парламент изгласа резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ на наредната средба да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија. Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почне пристапни преговори, со оглед на тоа […]

ЕП: Руската пропаганда во ЕУ од јануари досега двојно поголема отколку во 2018

10 октомври 2019

Странското мешање во изборите се заканува на демократските општества во Европа, а ги потпомага анти ЕУ силите, десничарските екстремисти и популистите. Русија, која е најголем извор на дезинформации, годинава двојно ги удвоила своите напори, па од почетокот на годинава досега се забележани 998 случаи на дезинформации поврзани со Русија, наспроти вкупно 434 случаи во 2018 […]

Холандскиот парламент ја отфрли резолуцијата за блокирање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ

13 јуни 2019

Холандскиот парламент синоќа со мнозинство гласови ги отфрли двете резолуции – од Социјалистичка партија и од Партијата на слободата – да не се поддржи почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Парламентот истовремено усвои резолуција против отворањето на преговори на Европската Унија со Албанија. Со резолуцијата се бара да не се отворат […]

Страна 1 од 4