fbpx

Што вклучува предлог-решението на бугарскиот парламент за кревање на ветото

-

Бугарските медиуми го пренесуваат предлог-решението на Демократска Бугарија (ДБ), една од членките на владејачката коалиција во Бугарија.

Предлог-решението треба да изнесе повеќе услови, и ако се усвои денеска може да доведе до кревање на ветото од Бугарија на состанокот на Европскиот Совет што почна вчера, а продолжува денеска во Брисел.

Прво, според предлог-резолуцијата, за поддршка од Бугарија на кој и да било чекор во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија, земјава мора да ги исполни овие услови:

1. Ефективно исполнување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и Протоколите (записниците) од седниците на Заедничката меѓувладина комисија, според член 12 од овој договор;
2. Гарантирање на правата на Бугарите во Република Северна Македонија, вклучувајќи и низ нивно внесување, заедно со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија;
3. Присуство на европски гаранции за исполнување на условите во точките 1 и 2.

За таа цел владата на Република Бугарија треба да ги одобри предложените од Претседателството на Советот на ЕУ нацрт за Преговарачка рамка и Заклучоци на Советот, при исполнување на следните услови:

  • Прецизирање на текстот на нацртот на Заклучоците на Советот, така што да се гарантира внесувањето на Бугарите во Уставот на РСМ во дефинициите во коишто се споменати други народи и на рамноправна основа со тие народи;
  • Подобрување на предложените нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоци на Советот со цел на појасно изразување на ситуацијата, дека ништо во процесот на приклучување на РСМ во ЕУ не може да биде толкувано како признание од Република Бугарија за постоење на „македонски јазик“;
  • Гаранции дека добрососедството останува хоризонтален критериум во рамките на целиот процес на приклучвуање на РСМ кон ЕУ, за чиешто исполнување ЕК го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција;
  • Вклучување на референци на двостраните протоколи од член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во Прегаварчката рамка, се вели во предлог-резолуцијата со која што се повикува Владата да го одобри нацртот на Преговарачката рамка, односно да го крене ветото.

Во Образложението за предлогот, поднесен од Христо Иванов од ДБ, која е една од членките на владејачката коалиција, се вели:

Мотиви:
Република Бугарија доследно ја поддржува политиката за проширување на ЕУ како најдобриот инструмент за поддршка на реформите и стабилноста во регионот на Западен Балкан, истовремено признавајќи ја тесната соработка во секторните поитики на билатерален план и работи за уште поширока соработка во трговијата, образованието, културата, инфраструктурата, енергетиката, животната средина, итн.

Во сегашната геополитичка ситуација и сложената ситуација на безбедносен план, Бугарија ги признава и сојузнички врски во НАТО.

Република Бугарија дава клучно значење на добрососедствите односи со Република Северна Македонија (РСМ). Како дополнение на Рамковната позиција во однос на раширувањето на ЕУ во Процесот за стабилизација и придружување: РСМ и Албанија од 9 октомври 2019 година, поддржана од Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година и од потврдената на седницата на Консултативниот совет за национална сигурност од 10 јануари 2022 година, сметаме дека темата за правата на македонските Бугарија се наметна како растечки приоритет во двостраниот дневен ред.

Софиската декларација од 2018 година е израз на европската поддршка на агажманот на партнерите од Западен Балкан да продолжат да ги поддржжуваат добрососедските односи, регионалната стабилност и заедничката соработка.

Во темелот на намерите на Бугарија за засилување на добрососедските односи во духот на европските вредности преку почитување на заедничките историски настани и личности е Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Неговото спроведување и европските гаранции за неговото исполнување треба да бидат основен приоритет на бугарската политича.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...