fbpx

Советот на Европа: Време е да се направи проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан

-

Со 134 гласови ЗА, три против и три воздржани, денес во Стразбур, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) усвои резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан, повикувајќи на нов поттик во процесот на проширување на ЕУ и барајќи од Западен Балкан веднаш да се справи со клучните предизвици со кои се соочува.

Во резолуцијата  е наведено дека зајакнувањето на демократската отпорност и почитувањето на владеењето на правото и човековите права, промовирањето на помирувањето и добрососедските односи, како и создавањето услови за посилен економски и социјален напредок во регионот претставуваат геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста и демократска безбедност за цела Европа.

Исто така, според резолуцијата, Парламентарното собрание на СЕ цврсто верува дека помагањето на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово да ги исполнат нивните аспирации за поблиска европска интеграција е важно не само за тие земји, туку и за Европа, и дека тоа ќе биде од придобивките на европските граѓани.

Се потсетува дека од самитот во Солун во 2003 година, посветеноста на проширувањето постојано ја потврдуваат лидерите на ЕУ и на Западен Балкан, но дека со текот на времето се намалува политичкиот момент и ентузијазмот на јавноста. Во исто време, се повеќе луѓе во регионот, особено младите, се песимисти за изгледите за влез во ЕУ.

„Европската визија го губи својот сјај. Наместо тоа, повторно се појави етно-национализам, што е многу загрижувачки развој во регионот каде што спектарот на насилство е сè уште голем“, се наведува во резолуцијата.

Понатаму се наведува дека „императив е Западен Балкан да остане во фокусот“.

ПССЕ бара да се даде нов поттик на процесот на проширување на ЕУ, а од Западен Балкан се бара веднаш да се справи со предизвиците, како што се поларизираната политичка клима, сериозните проблеми во владеењето на правото и доброто владеење кои негативно влијаат на независност и непристрасност на судството и функционирањето на јавната администрација прашања поврзани со правата на националните малцинства и малцинските заедници, проблеми со слободата на медиумите и сопственоста на медиумите.

Исто така, се посочува дека се неопходни поголеми напори со цел зајакнување на помирувањето, како и ангажман на граѓанското општество.

Се наведува и дека  Советот на Европа треба да ги удвои напорите за да му помогне на Западен Балкан да постигне опиплив и мерлив напредок во исполнувањето на критериумите за проширување на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...