fbpx

ДУИ против Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за идентитетските линии, албанската опозиција ќе гради партиски став

-

Владејачката партија ДУИ не ја прифаќа најавената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ за дефинирањето на македонските идентитетски линии, за која што ќе треба да се гласа во Собранието на РСМ. И покрај тоа што СДСМ ја прифати ваквата резолуција, од ДУИ пристигна информацијата дека нивните пратеници нема да ја прифатат оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.

По средбата со пратеникот Антонио Милошоски, пратеникот од Алијансата за Албанците Халил Снопче информираше дека за текстот на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реферира до неговата партија, по што ќе се формира партиски став. Тој сепак порача дека Владата треба да биде внимателна во секој поглед.

Од албанската опозиција велат дека за нив се многу битни добрососедските односи, вклучително и со Бугарија. Притоа, во никој случај не смее да се нарушат односите и пријателството со Бугарија, порача пратеникот Снопче.

Тој се надева дека во Собранието на РСМ ќе има дебата за оваа работа и ќе има можност пратеничката група уште повеќе да се запознае со грижите од сите групации на македонските пратеници.

Сепак, пратеникот од Алијансата за Албанците додаде дека е проблем што постојат разлики во изјавите помеѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во однос на Резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, по вчерашното прифаќање на Резолуцијата од страна на СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ и наведе дека резолуцијата ги содржи „националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи“.

И помалите политички партии од македонскиот блок – Демократскиот сојуз, ЛДП и ДОМ веќе информираа дека ќе гласаат позитивно за Резолуцијата што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...