Стапи на сила новата црна листа на ЕУ

Европска Унија на црната листа на санкционирани додаде 19 лица и девет организации поради „загрозените територијален интегритет, суверенитет и независност на Украина“.

Меѓу оние на кои отсега им е забрането издавање виза и чиј имот на територијата на ЕУ е замрзнат, се најдоа и замениците на рускиот министер за одбрана, Аркадиј Бахин и Анатолиј Антонов, двајца претставници на Думата, познатиот пејач Јозеф Кобзон, како и 15 сепаратисти од самопрогласените републики Донецк и Луганск.

Меѓу организациите се Движењето Новорусија, како и Козачката национална гарда.

ЕУ ја прошири листата на санкционирани на 24 јануари, по гранатирањето на Мариупољ, кога загинаа најмалку 29 лица.

Листата сега вклучува 151 лице и 37 организации од Украина и од Русија.