fbpx

Во тек се контакти со страниците за помош за кризата

-

Активности и контакти на релација Македонија – Европска унија, во насока на решавање на политичката криза, која дополнително зовре по објавувањето на аферата „Прислушување“, има и се во тек, потврди Стево Пендаровски, кој е дел од опозицискиот табор.

– Не можам да зборувам за детали. Знам само дека постојат контакти меѓу политичките субјекти кои се релевантни во Македонија и меѓународната заедница и тоа е процес кој трае. Заради чуствителноста на процесот, кој ќе трае и наредниот период, ќе ми дозволите да не зборувам за детали за тоа што се случува во моментот – изјави Пендаровски.

Еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, вчера повторно повика на дијалог во Македонија, истанувајќи дека државата треба да се врати на соодветните европски стандарди за да ја задржи европската перспектива.

– Eминентни пратеници од Европскиот парламент, исто така, рекоа дека се подготвени да арбитрираат меѓу различните партии во земјата. Тие оваа поддршка ја прифатија и сега чекаме да видиме кои ќе бидат следните чекори. Но, за да може да се задржи европската перспектива, навистина е неопходно проблемите да се решат во земјата и да се вратите на соодветните меѓународни и европски стандарди – рече Хан.

За понудената помош од ЕУ, Пендаровски вели дека не бегаат од разговори, но оти проблем е позицијата на власта, која нема „капацитет да влезе искрено со целиот свој потенцијал во преговори со опозицијата“.

– Ние очекуваме дека власта, од своја страна, конечно ќе сфати дека мора да има и помош од страна, а ние како засегната и релевантна политичка структура во земјата сме подготвени за такви разговори во секое време – вели Пендаровски.

Владата, според изјавите на премиерот Никола Груевски и на неговите министри, засега цврсто стои на ставот дека кризата со прислушувањето треба да се решава во институциите.

Дека Македонија се наоѓа на агендата на ЕУ, вчера потврди и високата претставничка за надворешни работи на Европската унија, Федерика Могерини.

– Да, Македонија е на нашата агенда. Заедно со комесарот Хан, многу сме фокусирани на Балканот. Во таа рамка, Македонија е на агендата, како што секогаш е на агендата поддршката за земјите што се клучни за регионот. Овде зборуваме за соседните земји на Балканот, но таа не е сосед, туку е во Европа. Во овие посебни услови, тоа е потребно. Ги прочитав препораките на Европскиот парламент, ја следам дебатата и подготвена сум да одговорам на тоа заедно со комесарот Хан – рече Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...