fbpx
Таг: Европска унија

таг: Европска унија

Отровни производи завршувале на македонските трпези

Вкупно 42 прехранбени производи со потекло од Македонија, полни со пестициди, канцерогени материи и со опасни бактерии, биле откриени во земјите на ЕУ во последните години, јавува „Нова“. Околу 40 производи опасни по здравјето на граѓаните, пак, биле увезени од други земји во Македонија. Ова го покажува РАССФ, системот на ЕУ за брзо алармирање за безбедност на храна. Не...

Попоски на средба со Хан во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе разговара со новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, во Брисел. Предвидено е Попоски да учествува и на дебатата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност“. Вчера тој имаше средби со неколкумина пратеници во Европскиот парламент. - Земјите-членки на ЕУ ттреба да преземат одговорност во однос на почетокот на преговорите за членство на Македонија...

Никола Попоски во дводневна работна посета на Брисел

Земјите-членки на Европска Унија да преземат одговорност за почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи земјата веќе шест години добива препорака, а преговорите никако да почнат, им порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на своите соговорници, пратеници во Европскиот парламент, со кои денеска се сретна во Брисел. Министерот е во дводневна работна посета на Брисел. Утре...

Новиот комесар на ЕУ ќе ја заобиколи Македонија во првата посета

Јоханес Хан, новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседска политика и за преговори за проширување, веќе го насочи вниманието кон земјите од Западен Балкан, по само една недела на должност. Во првата посета на регионов, Хан ќе ги посети Србија и Црна Гора, но на агандата засега не е Македонија. Како што соопштија претставништвата на ЕУ во Белград и во...

Могерини: Палестинска држава е неопходна

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, при првата посета на појасот Газа се заложи за независна палестинска држава. - Палестинска држава е неопходно да има, таква е целта. Таа позиција ја делат сите во Европска Унија -  изјави Могерини на прес-конференција во Газа. Посетата на Могерини е во момент на нови судири меѓу Палестинци и...

Јоханес Хан в среда на средба со Поповски во Брисел

Новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседската политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан, на 20 ноември ќе ги посети Белград и Подгорица, а претходно, в среда, ќе го прими македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Ова е прва посета на еврокомесарот Хан на регионот и е дел од планот на почеток на мандатот да ги посети...

ЗНМ: Владата против препораките на ЕУ за рекламирањето во медиумите

Скандалозни се измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки, во кои јавните институции немаат обврска да распишуваат тендери за рекламирање во медиумите, регираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Според нив, тоа е во спротивност со препораките на Европската комисија и дополнително ќе ја зголеми нетранспарентноста на трошењето јавни пари, но претставува и обид да се купува наклонетоста...

Ќе се инвестираат 280 милиони евра во истражување за еболата

Европска Унија и произведувачите на лекови денеска најавија дека ќе вложат 280 милиони евра во истражување за еболата. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за брзо тестирање на вирусот и за производство на потенцијална вакцина. Средствата ќе се искористат за проекти што ја поддржуваат иницијативата за иновативна медицина (ИМИ), единствено јавно-приватно партнерство, која заеднички ја финансираат Европската комисија и фармацевтската индустрија. -...

Могерини го поддржа британско-германскиот план за БИХ

Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика, Фредерика Могерини, денеска го поддржа планот на Велика Британија и на Германија за отстранување на блокадата во евроинтеграциите на Босна и Херцеговина. „Особено ја ценам идејата за напредокот на БИХ која синоќа во Берлин ја изнесоа министрите за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд, и на Германија, Франк Валтер Штајмајер“, порача...

Евроинтеграцијата на Балканот не значи и проблем

Ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите членки на ЕУ
Евроинтеграцијата на Балканот не значи повеќе проблеми и во следните пет години ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите-членки на ЕУ, е пораката од учесниците на Шестата конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, во организација на реномираниот германско-американски институт „Аспен“, во Берлин, на која учествуваше и шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Учесниците на...

Турција се закани со замрзнување на царинската унија со ЕУ

Турција би можела да ја замрзне царинската унија со Европска Унија, доколку Брисел склучи нов сеопфатен договор за слободна трговија со САД, соопшти турскиот министер за европски работи. Турција, земја-кандидатка, има царинска унија со ЕУ од 1996 година. Турските политичари стравуваат дека новиот договор меѓу ЕУ и САД, за кој се преговара, би можел да ја загрози турската трговска позиција. Турскиот...

Австрија е против нови санкции кон Русија

Австрија се спротистави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел, Европска Унија да воведе дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина. Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека не ја поддржува идејата бидејќи австриските компании веќе трпат големи загуби поради ваквите мерки. - Нашиот одлучен став е дека исправен е патот во кој и Русија ќе биде вклучена во разговорите -...

Могерини: ЕУ ќе ја признае Палестина

Новоименуваната шефица на дипломатијата на Европска Унија, Фредерика Могерини, истакна дека во рок од пет години ЕУ би можела да ја признае државноста на Палестина. Могерини, во првото интервју откако ја презеде должноста, наведе дека ЕУ мора да тргне понатаму во својата политика кон Блискиот Исток. - Ќе бидам среќна ако до крајот на мојот мандат се признае државноста на Палестина....

Украина ќе гради нов гасовод за да ја избегне Русија

Украина сака со Полска да изгради целосно нов гасовод, кој би ù овозможил на земјата целосно да се снабдува со гас од земјите од Европска Унија. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук им наредил на надлежните министерства да почнат со изработка на проектот, а рокот за изградбата и пуштањето во употреба е крајот на 2016 година, соопштија од кабинетот на премиерот. Властите во Киев сакаат...

Европскиот суд ќе пресуди дали ИП-адресите се лични податоци

Европскиот суд ќе треба да одлучи дали ИП-адресите ќе се сметаат за лични податоци, откако германскиот федерален суд одлучи да ја префрли надлежноста на Европскиот суд на правдата на ЕУ. - Пресудата на судот ќе биде од клучно значење за тековната дебата за реформите на законот за заштита на податоци на ЕУ, како за практиката на интернет-страниците да ги следат...

Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, изјави дека ЕУ не ги признава изборите во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел. - Сметам дека „претседателските и парламентарните избори“ во самопрогласените „народни републики“ на Доњецк и на Лугањск се нова пречка на патот кон мирот во Украина. Гласањето е нелегално и нелегитимно и Европската Унија...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...