fbpx
Таг: Европска унија

таг: Европска унија

Од денеска нови правила за означување на храната во ЕУ

Македонските компании што извезуваат прехранбени производи во земјите од Европска Унија, ќе мора да се придржуваат на новите правила за означување на храната во ЕУ, кои стапија на сила денеска, пренесуваат медиумите. Според новите правила, на декларациите на производите треба јасно, со зацрнети или букви означени во друга боја, да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето-тежината и особено алергените. Најновите измени...

Ахмети се сретна со белгиската амбасадорка Ван Калстер

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари работна средба со белгиската амбасадорка Аник ван Калстер. Амбасадата на Белгија со седиште во Софија, Бугарија, истовремено е и дипломатско претставништво и за Република Македонија. На средбата, соговорниците разговарале за актуелната ситуација во земјата и во регионот, економскиот развој, меѓуетничките односи, како и за евроатланската интеграција. Како што соопштија од ДУИ, претседателот Ахмети зборувал за потребата...

Луксембург е најбогата држава во ЕУ

Луксембург е најбогатата држава во ЕУ, а следат Германија и Австрија, додека во групата на најсиромашни спаѓаат Романија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Унгарија, пренесе „Денар.мк“. Според „Евростат“, највисоко ниво на реална лична потрошувачка по жител има Луксембург, кое е 35 проценти повисоко од просекот во ЕУ. Германија и Австрија спаѓаат во грпата на земји чија потрошувачка по жител е 20 проценти...

Саем на човекови права во ЕУ-инфоцентар

Со саем на човекови права, денеска во ЕУ-инфоцентар се одбележа Меѓународниот ден на човекови права, на кој се претставија невладините организизации што работат во унапредување на човековите права. Свои штандови имаа повеќе организации кои промовираат слобода на медиумите и слобода на говор и невладини организации кои работат на намалување на дискриминацијата, помош на маргинализираните групи и социјализација на деца со посебни...

Србија ќе мора да ги нормализира односите со Косово за да влезе во ЕУ

Пред да влезе во Европска Унија, Србија треба целосно да ги нормализира односите со Косово, а тоа би било потврдено и со правно обврзувачки документ, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, во интервју за НИН. - Не е во интерес на ЕУ да ги прифати во полноправно членство членките кои се во конфликт со соседните земји, бидејќи тоа би...

ЕУ: „Јужен коридор“ наместо „Јужен тек“

Претставниците на седумте членки на ЕУ кои беа вклучени во проектот „Јужен тек“ се согласија во Брисел да тргнат по алтернативни патишта за увоз на гас, како што е „Јужен коридор“, кој го поврзува Азербејџан со Италија. Министрите за енергетика на Италија, Австрија, Бугарија, Словенија и на Грција, како и амбасадорот на Хрватска при ЕУ, разговарале со европскиот комесар за...

Србија доби 11 услови за преговори со ЕУ

Единаесет услови за отворање на преговорачките поглавја и за продолжување на преговорите со Европска Унија, Берлин ѝ испратил на Србија, но, според српските медиуми, тие за Белград се речиси невозможни за исполнување поради тоа што го засегаат статусот на Косово и  ја поддржуваат неговата независност. Меѓу нив се прифаќањето на статусот на Сојузот на српски општини во согласност со косовските закони,...

Дачиќ: ЕУ не бара Србија да го признае Косово

Европска Унија официјално нема побарано Србија да го признае Косово, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. - Србија не го променила својот став околу непризнавање на Косово, ниту ЕУ официјално го побарала тоа - рече Дачиќ, додавајќи дека во официјалните документи од ЕУ не се наведува дека Србија мора да го признае. Дачиќ вели дека во документите се наведува дека Србија мора да...

Анкета: Одлуки треба да носат професионалците, а не политичарите

Во демократиите донесувањето на одлуките треба да се остави на професионалците и на интелектуалците, а не само на политичарите, сметаат 87 отсто од македонските граѓани, а 7 отсто не се согласуваат, покажуваат резултатите од студијата „Политичка култура, европеизацијата и стравовите во Македонија“ од анкетното истражување „Еврометар“ спроведено во 2014 година. Дека во Македонија има целосна демократија, сметаат 34 отсто од...

Делегација на СДСМ се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. Претседателот Заев изразил подготвеност за унапредување на досегашната соработката и му посака успешна работа на новиот известувач. Во името на СДСМ, но и на сите граѓани на Македонија, претседателот Заев се заблагодарил за поддршката на Европскиот парламент за Република Македонија. На средбата...

Ховит и Вајгел во Македонија

Досегашниот известувач за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит, и неговиот наследник на оваа позиција, Иво Вајгел, денеска во Скопје ќе одржат прес-конференција, а, како што беше најавено, Ховит треба да одржи и предавање. Тој вчера имаше средба со премиерот Никола Груевски, на која позитивно била оценета досегашната соработка во напредокот на Македонија кон ЕУ, пренесува „Радио Слободна Европа“. Според најавите,...

САД и ЕУ размислуваат за проширување на санкциите за Русија

Американскиот државен секретар Џон Кери неделава ќе се сретне со европските сојузници за да разговара за можното проширување на санкциите кон Русија, јавува „Б92“, повикувајќи се на новинската агенција „Ројтерс“. Новите санкции ќе се воведат доколку „промосковските сепаратисти во Украина не запрат со насилството“, соопшти висок неименуван претставник на Стејт департментот. - Продолжуваат разговорите со ЕУ за понатамошното проширување на санкциите...

Станишев: Одговорната власт треба да почне преговори со опозицијата

Добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија се прашање на политичка волја од двете страни, рече заменик-претседателот на Заедничкиот комитет за парламентарна соработка ЕУ-Република Македонија, Сергеј Станишев, на вчерашниот состанок на Комитетот во Стразбур, пренесе бугарски „Крос“. - Бугарија е првата земја што ја призна Македонија, секогаш сме го поддржувале нејзиното пристапување кон Европска Унија и кон НАТО. Како премиер, побарав...

(ВИДЕО) Спираки со отровни стрели кон Милошоски

Продолжува да се разгорува расправијата меѓу грчката европратеничка Мариа Спираки и поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Европратеничката од редовите на Нова демократија, која е дел од Мешовитиот комитет ЕУ-Македонија, не го премолче повикот на Милошоски, во знак на добрососедство, заедно да се искачат на Олимп и да ги развеат знамињата на двете држави, туку возврати со нова...

Попоски на работен појадок со амбасадорите на ЕУ во Брисел

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на работен појадок со постојаните претставници - амбасадори на земјите-членки на Унијата во Брисел. На средбата ќе учествуваат и високи претставници на Европската комисија и на Европската служба за надворешни работи. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, за време на средбата ќе бидат разменат мислења за перспективите на Република Македонија,...

ЕУ бара „Гугл“ да се подели

Европскиот парламент со мнозинство гласови изгласа поделба на бизнисот на „Гугл“ во Европа. За усвојувањето на необврзувачката резолуција, со која Европска Унија бара од американскиот пребарувач одвојување на комерцијалните услуги од останатиот дел од активности, гласаа 384 пратеници, додека само 174 беа против. Европскиот парламент нема овластување да наложи поделба на „Гугл“, но ваквиот потег е дополнителен показател за влошување на...

Европратеник од Бугарија ја обвини македонската полиција за тортура врз Бугарите

Eвропратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски, испрати писмо до Европската комисија во врска со испрашувањата бугарски граѓани од службите за безбедност на Република Македонија. Имено, според Џамбаски, на 25 ноември 2014 година, претседателот на Бугарскиот културен клуб од Скопје реагирал поради повреда на правата на граѓаните во Струмица и во Кочани, нанесени од полицијата во Македонија. Од македонското Министерство за внатрешни работи, запрашани...

Мачен ден за грчката влада

Темни облаци надвиснаа над грчката влада по пораката од меѓународните кредитори дека пакетот за штедење веројатно ќе мора да продолжи и во 2015 година. Владата на Нова демократија и на ПАСОК се надеваше дека на преговорите со „тројката“ во Париз, изминатите два дена, ќе постигне договор со кој ќе се потврди дека Грција ги има исполнето предвидените обврски и мерки...

ВМРО-НП: Македонија е за или против членство во ЕУ?

ВМРО - Народна партија сериозно го проанализира предложениот план на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, што го објави пред Европскиот парламент, за формирање европски фонд за инвестиции тежок повеќе од 315 милијарди евра. Почетокот на оперативноста на овој фонд е предвиден за средината на 2015 година, со траење од три години и со можност за продолжување. „Особено внимание привлекува...

Германската левица ја обвини Меркел за новата студена војна со Русија

Заменик-шефот на левицата, Сара Вагенкнехт, во Бундестагот остро ја ритикуваше канцеларката Ангела Меркел, префрлувајќи ѝ дека е одговорна за „новата студена војна“ со Русија. - Вие предупредувате на пожар, но вие, сепак, припаѓате на оние кои наоколу трчаат со запалено кибритче“ - рече Вагенкнехт, критикувајќи ја владејачката коалиција. Вагенкнехт ја обвини Меркел дека со санкциите против Русија предизвикала „бесмислена економска војна“ и побара запирање...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...