Посетата на Могерини е во момент на нови судири меѓу Палестинци и израелски полицајци

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, при првата посета на појасот Газа се заложи за независна палестинска држава.

– Палестинска држава е неопходно да има, таква е целта. Таа позиција ја делат сите во Европска Унија –  изјави Могерини на прес-конференција во Газа.

Посетата на Могерини е во момент на нови судири меѓу Палестинци и израелски полицајци, по улиците на источен Ерусалим.