Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе разговара со новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, во Брисел.
Предвидено е Попоски да учествува и на дебатата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност“.
Вчера тој имаше средби со неколкумина пратеници во Европскиот парламент.
– Земјите-членки на ЕУ ттреба да преземат одговорност во однос на почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи земјата веќе шест години добива препорака, а преговорите никако да почнат – изјави Попоски на средбата.